ЈО на РМ – Љубомир Јовески

Љубомир Јовески

Јавен обвинител


Љубомир Јовески е избран за Јавен обвинител на Република Македонија на 25.12.2017 година.
Јовески е роден на 03.01.1954 година во с. Долгаец, прилепско.
Дипломира на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 1978 година.
Правосудниот испит го положил во 1983 година.
Во својата професионална биографија Јовески има повеќе од 15 години работно искуство како судија на предмети од кривична материја, повеќе од 12 години работно искуство како јавен обвинител и 7 години работно искуство во областа на извршување на кривичните санкции.
Во 1987 година Јовески е избран за судија во Општинскиот суд Скопје 2, а во 1995 и 1996 година ја извршува функцијата заменик-претседател на Судот.
Од 1996 година е вршител на должноста претседател на Општинскиот суд Скопје 2, по што е избран и за претседател на Основниот суд Скопје 2 Скопје за мандат од четири години. Како судија постапувал по предмети од кривичната област.
Во 2003 година е избран за заменик јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија.
Во 2009 година е избран за јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија.
Во 2015 година, е избран за член на Советот на јавни обвинители на Република Македонија од редот на јавните обвинители која функција ја извршувал до изборот за јавен обвинител на Република Македонија.