Годишен извештај за 2016та година

 

Г О Д И Ш Е Н И З В Е Ш Т А Ј

ЗА

РАБОТАТА НА

СОВЕТОТ НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗА 2016 година

Јануари 2016 година

СОДРЖИНА

ВОВЕД…………………………………………………………………………………………….

I. СЕДНИЦИ НА СОВЕТОТ………………………………………………………………….

II. ИЗБОРИ И ПРЕСТАНОК НА ФУНКЦИЈА………………………………………….

III. ПОСТАПУВАЊЕ ПО ПРЕТСТАВКИ ПОПЛАКИ И ДРУГИ ПОДНЕСОЦИ……

IV. СОРАБОТКА НА СОВЕТОТ СО ДРЖАВНИ ОРГАНИ И ИНСТИТУЦИИ И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА……………………………………………….

V. ОРГАНИЗАЦИЈА,КАДРОВСКА СОСТОЈБА И МАТЕРИЈАЛНИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА……………………………………………

Советот на јавните обвинители на Република Македонија е основан согласно Уставот на Република Македонија во 2008 година. Мандатот на членовите на Советот трае 4 четири години со право на уште еден избор.На избраните членови на Советот од редот на јавните обвинители , додека им трае мандатот во Советот, им мирува функцијата јавен обвинител.
Првиот состав на Советот на јавните обвинители на Република Македонија , е конституиран на 01.08.2008 година, а вториот на 01.08.2012 година, а заврши на 31.07.2016 година.Третиот состав на Советот се конституира на 01.08.2016 а завршува на 31.07.2020 година.

Надлежноста и начинот на работа на Советот на јавните обвинители на Република Македонија е регулирана во чл.9 од Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија. Во овој член детално е опишана надлежноста и начинот на кој Советот постапува и работи се со цел да ја обезбеди самостојноста на јавните обвинители на територијата на Република Македонија.

Основна законска надлежност на Советот на јавните обвинители на Република Македонија е да ги избира и разрешува јавните обвинители на сите нивоа, освен јавниот обвинител на Република Македонија, кој го избира Собранието на Република Македонија по предлог на Владата на Република Македонија, по кој предлог Советот на јавните обвинители на РМ дава мислење.
Советот го определува бројот на јавните обвинители, ја следи работата на јавните обвинители врз основа на оцената за нивната работа согласно Законот за јавното обвинителство .
Советот одлучува за утврдување на нестручно и несовесно вршење на функцијата јавен обвинител согласно Законот за јавното обвинителство, донесува одлука со која јавен обвинител привремено се оддалечува од функцијата до донесување на конечната одлука на дисциплинската комисија.
Утврдува престанок на фукнцијата јавен обвинител и одлучува во втор степен во постапката за утврдување на дисциплинска одговорност на јавните обвинители.
Заради обезбедување на потребниот број на јавни обвинители , Советот секоја година до крајот на месец февруари со одлука го утврдува бројот на слободните јавнообвинителски места во наредните две години и одлуката ја доставува до Академијата за обука на судии и јавни обвинители.
Постапува по претставки и поплаки на граѓани и правни лица за работата на јавните обвинители .
Во делот на надлежноста спаѓа, оценувањето на годишните извештаи на јавните обвинителства, издавање и одземање на службените легитимации, водењето на персонални листи за јавните обвинители , давање мислења, и учество во комисиите за законите од областа на делокругот на работата на Советот и јавното обвинителство. Советот превзема и други активности во рамките на своите надлежности.Советот донесува деловник за работа и дава мислења по програмите на Академијата за обука на судии и јавни обвинители.

Начин на работа
Советот работи на седници на кои присуствуваат членовите на Советот и јавниот обвинител на Република Македонија.Истиот е составен од 11 членови, и тоа по еден јавен обвинител од подрачјето на Вишите јавни обвинителства , еден од Јавното обвинителство на РМ, еден припадник на заедницата која не е мнозинство во РМ, четири члена, ги избира Собранието на РМ, и јавниот обвинител на РМ кој е член по функција.

Во текот на извештајниот период Советот одржа 29 седници .На седниците најчесто се одлучуваше за избори и разрешувања на јавните обвинители , но беа разгледувани и други актуелни настани и активности во јавнообвинителската организација.Како и секоја година така и во извештајната година на седниците се разгледуваше и Буџетот на јавното обвинителство, Годишните извештаи и распореди за работа на јавните обвинителства. Се разгледуваа и други актуелни настани и проблеми кои се јавуваа во работата на јавните обвинителства , како што е материјалниот статус и персонални проблеми. Исто така беа разгледани и два Извештаи за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следње на комуникациите и тоа за периодот од 15.09.2015 до 15.03.2016 година , и за периодот од 15.03.2016 до 15.09.2016година.

Избор и престанок на функцијата јавен обвинител
Во 2016 година Советот објави вкупно 12 огласи , на кој се јавија 142 кандидати. Советот формираше работни тела – комисии кои со сите кандидати, а кои се јавуваа за прв пат на оглас, вршеа интервјуа , од кои стекнуваа мислење за секој кандидат и го презентираа на седница на Советот.
Во извештајната година беа избрании 18 јавни обвинители. Оваа година е избран Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје , Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Штип и Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Свети Николе. Од редот на завршените кандидати на Академијата за судии и јавни обвинители избрани се 8 јавни обвинители .
По однос на половата структура на избраните јавни обвинители беа избрани 10 жени и 8 мажи , а по однос на националната припадност избрани се 14 македонци и 4 албанци.

Табела на избрани јавни обвинители во 2016 година

Објавени огласи

Пријавени кандидати Избрани кандидати Од редот на завршена академија
12 142 18 8

При изборот на јавните обвинители во Основните јавни обвинителства ,Советот беше лимитиран со ограничен број на кандидати ,бидејќи согласно Законот за јавното обвинителство за избор на јавен обвинител во Основно јавно обвинителство, кандидатот мора да има завршено Академија за судии и јавни обвинители.
Советот во последните години констатира несразмерност на обновување на потребниот јавнообвинителски кадар со потребите на јавнообвинителската организација.Тоа се истакнува континуирано како најголем проблем за работата на јавните обвинителства,што доведува до неажурно постапување на јавните обвинители.
Согласно Одлуките за определување на бројот на јавните обвинители на Јавните обвинителства и јавни обвинители во јавните обвинителства донесени на седниците на Советот бројот на јавните обвинители во Република Македонија треба да изнесува 263.
Во извештајниот период функцијата јавен обвинител на јавните обвинителства и јавен обвинител во јавните обвинителства ја извршувале 198 јавни обвинители или 65 јавни обвинители помалку.

Етничка и полова припадност на избраните јавни обвинители во Република Македонија
Во Јавното обвинителство на Република Македонија вкупно се избрани 12 јавни обвинители од кои мажи 9,жени 3, а по национална припадност : 9 македонци, 3 албанци.Од избраните јавни обвинители на тројца јавни обвинители фукцијата им мирува, затоа што еден е избран за Јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, еден за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и еден јавен обвинител е избран за член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.
Во Вишото јавно обвинителство Скопје избрани се 13 јавни обвинители од кои : 8 мажи и 5 жени, а по национална припадност: 6 македонци , 4 албанци , 1 турчин 1 влав, и 1 србин.Од избраните јавни обвинители на двајца јавни обвинители функцијата им мирува поради избор за член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.
Во Вишото јавно обвинителство Битола избрани се 6 јавни обвинители од кои 2 мажи, 4 жени, а по национална припадност сите се македонци.
Во Вишото јавно обвинителство Гостивар избрани се 7 јавни обвинители од кои 5 мажи,2 жени, а по национална припадност се 3 македонци и 4 албанци.На еден јавен обвинител функцијата му мирува поради избор за член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.
Во Вишото јавно обвинителство Штип избрани се 5 јавни обвинители од кои мажи 2, жени 3, сите по националност македонци.На еден јавен обвинител функцијата му мирува заради избор за член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.
Во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција избрани се 11 јавни обвинители од кои 4 мажи и 7 жени , а по национална припадност 10 македонци и албанци 1.
Во Основно јавно обвинителство Битола избрани се 8 јавни обвинители од кои 4 мажи и 4 жени, а по национална припадност: македонци 7 и турчин 1. На еден јавен обвинител функцијата му мирува заради избор за член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.
Во Основно јавно обвинителство Берово избрани се 2 јавни обвинители од кои 2 мажи , а по националност македонци. На еден јавен обвинител функцијата му мирува заради избор во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Во Основно јавно обвинителство Гевгелија избрани се 3 јавни обвинители од кои 3 жени , а по националност македонки.На еден јавен обвинител функцијата му мирува заради избор за Јавен обвинител на Јавното обвинителтво за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите.
Во Основно јавно обвинителство Гостивар избрани се 6 јавни обвинители од кои 4 мажи и 2 жени , а по национална припадност се 3 македонци и 3 албанци. На еден јавен обвинител функцијата му мирува заради избор за Јавен обвинител во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите.
Во Основно јавно обвинителство Дебар избрани се 2 јавни обвинители од кои 2 мажи, а по национална припадност се 1 македонец и 1 албанец.
Во Основно јавно обвинителство Делчево избран е 1 јавен обвинител, а по национална припадност е македонец .
Во Основно јавно обвинителство Кавадарци избрани се 4 јавни обвинители од кои 2 мажи и 2 жени, а по национална припадност сите се македонци .
Во Основно јавно обвинителство Кичево избрани се 2 јавни обвинители од кои 2 жени, а по национална припадност се македонци.
Во Основно јавно обвинителство Крива Паланка избран е 1 јавен обвинител по националност македонка.
Во Основно јавно обвинителство Кочани избрани се 5 јавни обвинители од кои 4 мажи и 1 жена, по националност се македонци. На еден јавен обвинител функцијата му мирува заради избор за Јавен обвинител во Јавното обвинителтво за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите.
Во Основно јавно обвинителство Куманово избрани се 11 јавни обвинители од кои 7 мажи и 4 жени, по националност 7 македонци 4 албанци. На двајца јавни обвинители функцијата им мирува заради избор за Јавни обвинители во Јавното обвинителтво за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите.
Во Основно јавно обвинителство Охрид избрани се 8 јавни обвинители од кои 5 мажи , 3 жени, по национална припадност сите македонци . На еден јавен обвинител функцијата му мирува заради избор во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Во Основно јавно обвинителство Прилеп избрани се 6 јавни обвинители од кои 2 мажи и 4 жени, по национална припадност сите македонци .
Во Основно јавно обвинителство Радовиш избрани се 2 јавни обвинители од кои 2 жени, по национална припадност македонки . На еден јавен обвинител функцијата му мирува заради избор за Јавен обвинител во Јавното обвинителтво за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите.
Во Основно јавно обвинителство Ресен избран е 1 јавен обвинител, маж, по национална припадност е македонец .
Во Основно јавно обвинителство Свети Николе избран е 1 јавен обвинители, маж, по национална припадност македонец.
Во Основно јавно обвинителство Скопје избрани се 60 јавни обвинители од кои 17 мажи и 43 жени, а по национална припадност 46 македонци,црногорец 1 ,албанци 6, срби 3, бошњаци 2, турци 2.На 12 јавни обвинители им мирува функцијата и тоа : 7 јавни обвинители избрани во Основно јавно обвинителство за гонење на органзииран криминал и корупција , 5 јавни обвинители избрани во Јавното обвинителтво за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите, и еден јавен обвинител времено упатен до шест месеци во Основно јавно обвинителство за гонење на органзиран криминал и корупција.

Во Основно јавно обвинителство Струга избрани се 4 јавни обвинители 4 мажи, а по национална припадност 3 македонци, и 1 албанец.
Во Основно јавно обвинителство Струмица избрани се 9 јавни обвинители од кои 3 мажи и 6 жени, а по национална припадност се македонци. Еден јавен обвинител функцијата е времено упатен до шест месеци во Основно јавно обвинителство Радовиш.
Во Основно јавно обвинителство Велес избрани се 6 јавни обвинители од кои 6 жени, а по национална припадност сите се македонки.
Во Основно јавно обвинителство Тетово избрани се 7 јавни обвинители од кои 4 мажи и 3 жени, по националност 3 македонци и 4 албанци. На еден јавен обвинител функцијата му мирува заради избор за Јавен обвинител во Јавното обвинителтво за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Во Основно јавно обвинителство Штип избрани се 6 јавни обвинители од кои 2 мажи и 4 жени, по националност македонци.
Во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите функцијата ја извршуваат вкупно 11 јавни обвинители, од кои 6 мажи и 5 жени, а по националност 8 македонци и 3 албанци.
На 30 јавни обвинители во Република Македонија им мирува мандатот поради вршење на функцијата јавен обвинител во друго јавно обвинитилство и поради вршење на функцијата член на Советот на јавните обвинители на РМ.
Тројца јавни обвинители се времено упатени за вршење на функцијата јавен обвинител во друго јавно обвинителство во трање до шест месеци.
Во текот на извештајниот период се разрешени вкупно 12 јавни обвинители и тоа 11 поради исполнување на услови за старосна пензија , и еден јавен обвинител поради именување на друга функција.

ТАБЕЛАРЕН ПРИКАЗ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ПО ОДЛУКАТА ЗА СИСТЕМАТИЗАЦИЈА ВО ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛСТВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И МОМЕНТАЛНАТА СОСТОЈБА НА ИЗБРАНИ ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ
ЈО Систематизација Мом. Бр.на ЈО Слободни места Мажи Жени Македонци Албанци Срби Турци Власи Црногорци Бошњаци
1 ЈОРМ 1+14 12(три во мирување) 2 9 3 9 3
2 ВЈО СКОПЈЕ 1+16 13(два во мирување) 3 8 5 6 4 1 1 1
3 ОЈО СКОПЈЕ 1+61 60(дванесет во мирување) 2 17 43 46 6 3 1 1 2
4 ОЈО КУМАНОВО 1+13 11(два во мирување) 3 7 4 7 4
5 ОЈО ВЕЛЕС 1+8 6 3 0 6 6
6 ОЈО КАВАДАРЦИ 1+4 4 1 2 2 4
7 ОЈО ГЕВГЕЛИЈА 1+3 3(еден во мирување) 1 3 3
8 ОЈО КРИВА ПАЛАНКА 1+2 1 2 1 1
9 ОЈО ГОКК 1+12 11 2 4 7 10 1
10 ВЈО ГОСТИВАР 1+6 7 5 2 3 4
11 ОЈО ГОСТИВАР 1+8 6(еден во мирување) 3 4 2 3 3
12 ОЈО ТЕТОВО 1+9 7(еден во мирување) 3 4 3 3 4
13 ОЈО ДЕБАР 1+1 2 2 1 1
14 ОЈО КИЧЕВО 1+4 2 3 2 2
15 ВЈО БИТОЛА 1+7 6 2 2 4 6
16 ОЈО БИТОЛА 1+8 8(еден во мирување) 1 4 4 7 1
17 ОЈО ПРИЛЕП 1+7 6 2 2 4 6
18 ОЈО ОХРИД 1+7 8(еден во мирување) 5 3 8
19 ОЈО СТРУГА 1+4 4 1 4 3 1
20 ОЈО РЕСЕН 1+1 1 1 1 1
21 ВЈО ШТИП 1+5 5 (еден во мирување) 1 2 3 5
22 ОЈО ШТИП 1+5 6 2 4 6
23 ОЈО СТРУМИЦА 1+8 9 3 6 9
24 ОЈО БЕРОВО 1+1 2(еден во мирување) 2 2
25 ОЈО ДЕЛЧЕВО 1+1 1 1 1 1
26 ОЈО РАДОВИШ 1+1 2(еден во мирување) 2 2
27 ОЈО КОЧАНИ 1+5 5(еден во мирување) 1 4 1 5
28 ОЈО СВЕТИ НИКОЛЕ 1+1 1 1 1 1
29 СЈО 1+12 11 2 6 5 8 3

Вкупно Мажи Жени Македонци Албанци Срби Турци Власи Црногорци Бошњаци
198 91 107 156 30 4 3 1 1 2
46% 54% 79% 15% 2% 1.5% 0,5% 0,5% 1%

ПОСТАПУВАЊЕ ПО ПРЕТСТАВКИ, ПОПЛАКИ И ДРУГИ ПОДНЕСОЦИ

Претставки и поплаки
Постапувањето по претставки и поплаки на граѓаните и правни лица за работата на јавните обвинители е законска обврска, која во 2016 година од Советот целосно е извршена, на начин и во постапката пропишана со Деловникот за неговата работа.
Во 2016 година, Советот постапувал по вкупно 145 претставки, што во однос на 2015 година кога биле евидентирани 166 претставки е намалување во обемот на работа за 21 претставки или 1,07 %.
Од вкупно 145 претставки, најголемо учество со поднесени 121 претставаки или 84 % заземаат физички лица, од кои 107 се од оштетени лица, 15 од обвинети лица и 23 од тн заинтересирани лица кои немат статус на учесник во кривичната постапка.
Учеството на останатите субјекти во поднесувањето на претставките е прикажано во следната табела:

Табела 1

ПОДНЕСИТЕЛИ НА ПРЕТСТАВКИ ЗА 2016 година
Физички лица 121 84,00 %
Правни лица 9 6,00 %
Анонимни 6 4,00 %
Други 9 6,00 %

Табела 2

ПОДНЕСИТЕЛИ НА ПРЕТСТАВКИ ЗА 2016 година
Оштетени лица 107 74,00 %
Обвинети лица 15 10,00%
Заинтересирани лица 23 16 %

Статистичките податоци укажуваат дека од 145 претставки, непосредно до Советот се подесени 136 , а индирекно преку други институции 9 претставки.
Во 52 случаи, претставките се однесуваат на работата на јавните обвинители , а во 93 изразено е незадоволство од работата на јавните обвинителства, и тоа:
– 1 за Јавно обвинителство на РМ:
– 9 за Вишите јавни обвинителства:
– 2 во Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,
– 124 за Основните јавни обвинителства, и
– 9 за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите

Состојба на поднесени претставки за работата на јавните обвинители по одделни Виши и Основни јавни обвинителства е следната:

ВЈО Скопје
Основно јавно обвинителство

Вкупно
Скопје Куманово Велес Кавадарци К.Паланка Гевгелија
3 38 19 6 6 / 2 74

ВЈО Битола
Основно јавно обвинителство

Вкупно
Битола Прилеп Охрид Ресен Струга
1 9 2 2 1 2 17

ВЈО Штип
Основно јавно обвинителство

Вкупно
Штип Кочани Струмица Св .Николе Делчево Берово
3 1 1 2 1 1 1 10

ВЈО Гостивар
Основно јавно обвинителство

Вкупно
Гостивар Тетово Кичево Дебар
2 19 8 2 / 31

Од изнесените податоци може да се заклучи дека најголем број претставки се однесуваат на работата на јавните обвинители во Основното јавно обвинителство Скопје, со оглед на обемот на работата што ова обвинителство го има во вкупниот обем на работа.
Од анализата на содржината на претставките по ниту еден критериум не е можно нивно групирање и статистичка обработка , по основ на основите поради кои се поднесуваат, но заедничко на сите е изразено незадоволство од постапувањето и одлуките на јавните обвинители, па така :
Oштетените граѓани и правни лица се незадоволни заради наводно непостапување по поднесени кривични пријави од нивна страна , а особено од донесените решенија за отфрлање на кривичните пријави.Заради недостигот на јавни обвинители во Основните јавни обвинителства како што е и претходно наведено се забележува зголемување на неажурноста во истите.
Обвинетите лица како подносители на претставките се незадоволни што против нив се водат кривични постапки, сметаат дека обвиненијата против нив се тенденциозни и резултат на нестручно постапување на јавните обвинители. Обвинетите сугерираат за повлекување на обвиненијата, за нивно прецизирање или измена на правната квалификација на кривичното дело и слично. Претставките на оштетените и обвинетите лица се и со барања за изземање на јавните обвинители, утврдување на дисциплинска одговорност и нивно разрешување.
Советот во 2016 година согласно Законот а на начин и во постапката пропишана со Деловникот за неговата работа има постапено по сите претставки.
Мораме да нагласиме дека во текот на проверките на наводите во претставките, воочени се пропуштања во постапувањата на јавните обвинители, од формална природа. Заради тоа од повисоките јавни обвинителства им е укажувано да во иднина не се повторуваат вакви повреди, меѓутоа констатирано е дека истите не биле од влијание на законитоста на донесени одлуки.

Постапување по други поднесоци

Советот во 2016 година постапувал и по 231 други поднесоци, што во однос на евидентирани 228 во 2015 година е незначително зголемување во обемот на работа по тој основ за 3 поднесоци.
Од наведената бројка особено е потребно да се истакне следното постаување на Советот:
– разгледани и оценети се 22 Годишни извештаи за работа во 2015 година на Основните јавни обвинителства,Годишниот извештај за работа на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ,Годишните извиштаи
– на четирите Виши јавни обвинителства и Годишен извештај на Јавното обвинителство на Република Македонија кои се позитивно оценети од страна на Советот на јавните обвинители,
– разгледани се и дадени се мислења и согласноти за распоредите на работата на сите обвинителства во Република Македонија :
– разгледани се сите извештаи,кои се доставени до Советот од редовните контроли на работењето на јавните обвинители во Основните јавни обвинителства , а такви контроли се вршени на два пати во годината, од страна на Вишите јавни обвинителства и Јавното обвинителство на РМ , и извештаи на Академијата за судии и јавни обвинители за континуирана обука на обвинители на сите нивоа.
– Исто така беа разгледани и два Извештаи за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следње на комуникациите и тоа за периодот од 15.09.2015до 15.03.2016 година , и за периодот од 15.03.2016 до 15.09.2016 година.

СОРАБОТКА НА СОВЕТОТ СО ДРЖАВНИ ОРГАНИ И ИНСТИТУЦИИ И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Институционална соработка

Институционално зајакнување на Советот како самостоен орган само по себе не е негова цел, туку е нужна потреба заради обезбедување на самостојноста и независноста на јавните обвинители во извршувањето на нивната функција, според општо прифатени стандарди содржани во меѓународни конвенции и препораки и нивна имплементација во домашното законодавство.
Во 2016 година со програмата за работа на Советот , соработката со државните органи и институции беше проектирана да се оставрува во три насоки:
– непосредно вклучување на Советот во постапките за измени и допoлнување на Кривичното законодавство и Законите од делокругот на неговата работа,иницијатива за измени на Законот за Советот на јавните обвинители на РМ;
– давања на мислења за закони кога тоа Министервото за правда и други надлежни институции ќе го побарат од него и
– во насока на реализирањето на почетна обука на кандидати за јавни обвинители, и континуирана обука на јавни обвинители од сите нивоа во Република Македонија.
Во контекст на наведеното, најдирекна соработка Советот има оставрено со Јавните обвинителства, со секојдневни контакти и непосредни средби по разни основи, со Академија за судии и јавни обвинители, во чии органи како што се Управниот одбор и Програмскиот совет ,учествува со свои членови. Значајно е да се одбележи и соработката со Министерството за Правда каде членовите на Советот учествуваат во повеќе комисии.
Советот соработуваше со Судскиот совет, Врховниот суд, Здруженијата на јавните обвинители и судии и со други државни органи и институции.

Меѓународна соработка

Во минатата година Советот активно учествуваше на сите семинари, конференции, тркалезни маси, и работилници организирани во Република Македонија од Академијата и други правосудни институции па и на оние со учеството на претставници и експрети на меѓународни институции.Остварена е значајна соработка со повеќе невладини организации, со активно земање на учество на нивните конференции.
Во оваа година претседателот на Советот на јавните обвинители , со член на Советот учествуваа на службена посета на Академијата за судии и јавни обвинители во Анкара- Република Турција, а воедно во истиот град посетија повеќе судови како и Министерството за правда.

ОРГАНИЗАЦИЈА, КАДРОВСКА СОСТОЈБА И МАТЕРИЈАНИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА

Внатрешна организација

Советот својата функција, правата и обврските во 2016 година ги извршуваше во полн состав. Од 10-те избрани членови на Советот, 7 се македонци,2 албанци и 1 влав .Во неговиот состав има три жени.
Извршувањето на стручни административно технички и управни работи, е во надлежноста на Стручната служба. На 23.11.2016 година донесени се нови правилици и тоa: Правилник за внатрешна организација на работните места и Правилник за систематизација на работните места во Советот на јавните обвинители на Република Македонија, и според него стручната служба е поделена на две одделенија и тоа :

– Одделение за административно-правни и општи работи , и
– Одделение за буџет и финансиски работи.
Од предвидените 13 извршители во стручните служби вработени се 5 лица. Со стручната служба раководи Генерален секретар на Советот.

Услови за работа

Со Одлука на Владата на РМ ,во октомври 2013 година , на Советот на користење му беа доделени 527 m деловен простор ,на 5 –ти кат од зградата на улица “Кеј Димитар Влахов “Скопје, со тоа просторното сместување беше решено. Во поглед на техничката опременост нагласуваме дека Советот е опремен со опрема добиена од Министерсвото за правда на РМ. Во текот на 2015 година беа добиени 5 нови комјутери со принтери, еден персонален компјутерј и еден скенер. Во 2016 година добиени се уште 6 нови компјутери со принтери.
Во 2015 година за потребите на Советот беше добиен и нов канцеларсики мебел. Меѓутоа има потреба од дополнителна набавка на канцелариски мебел и друга опрема.

Со формирањето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се зголемија надлежностите на Советот имајќи ја во вид одредбата- чл. 7 ст.3 од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Советот на јавните обвинители на РМ општо е познато дека нема сопствен буџет, туку се финансира како дел од буџетската програма на Јавното обвинителство на Република Македонија . Советот на јавните обвинители на РМ , иако соочен со потешкотии во неговото функционирање сите обврски во 2016 година успешно ги има извршено.

СОВЕТ НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА