Односи со јавност

Владеењето на правото и функционирањето на правосудниот систем е основен предуслов за една демократска држава и мултикултурно општество на граѓани со еднакви права и слободи. Јавноста треба да има доверба во телата кои работат во јавен интерес, во рамките на нивните надлежности, почитувајќи го законот и високите етички и други професионални стандарди. За таа цел, државата усвои сеопфатна Стратегија за реформа на правосудниот сектор за периодот 2017-2022 година, која предвидува зајакнување на одговорноста, независноста и непристрасноста, како и транспарентноста на сите правосудни институции. Една од тие институции е Советот на јавни обвинители (СЈОРМ) како самостоен орган кој ја обезбедува и гарантира самостојноста на јавните обвинители во извршување на својата функција. Во оваа насока е ажурирана веб страната на Советот и изготвена Комуникациска стратегија за односи со јавност на Советот на јавни обвинители која претставува документ кој ги дефинира целите, видовите, начините на комуникација и активностите помеѓу Советот на јавни обвинители и јавноста. На овој начин се овозможува разбирање кај јавноста дека Советот игра суштествена улога во заштита на правата и слободите на граѓаните како самостоен орган кој ја обезбедува и гарантира самостојноста на јавните обвинители во извршување на нивната функција, а тоа е обезбедување ефективно и ефикасно гонење на сторителите на кривични дела. Со зголемување на транспарентноста, отчетноста и информираноста на јавноста за работата на Советот се цели да се унапреди меѓусебното разбирање и да се зајакне довербата на јавноста во оваа институција како гарант на независноста и професионалноста на јавното обвинителство.

Комуникациска стратегија СЈОРМ