Соопштение

На педесет и шеста седница, Советот на јавните обвинители на РСМ, ги донесе следните одлуки:

 

1. Усвојување на записникот од 55-та седница на Советот,

2. Усвојување на Годишниот извештај за работата на јавните обвинители во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција,

3. Назначување вршител на должноста Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола, за време до избор на Виш јавен обвинител, но не подолго од шест месеци и вршител на должноста Основен јавен обвинител на Основното Радовиш, за време до избор на Основен јавен обвинител, но не подолго од шест месеци.

4. Донесе одлука за објавување оглас за двајца јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје.ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ЈО ВО ВЈО СКОПЈЕ 56 СЕДНИЦА 01.06.2022