Соопштение

Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија на одржаната 65-та седница на ден 30.09.2022 година, изврши избор на Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Штип каде беше избран јавен обвинител Ристо Бојаџиски и избор на Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола каде беше избран јавен обвинител Пецо Везировски. Воедно Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија донесе одлука за објавување на оглас за избор на Виш јавен обвинител Вишото јавно обвинителство Скопје и Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Гостивар како и Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола, Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основното јавно обвинителство Куманово, Основното јавно обвинителство Гостивар и Основното јавно обвинителство Велес.

Советот донесе и одлука за распишување на оглас за избор на Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. На истата седница Советот донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Штип за јавниот обвинител д-р Тодор Витларов, поради исполнување услови за старосна пензија.