Соопштение

Комисијата за спроведување на избори на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија од редот на јавните обвинители за подрачјето на Вишото јавно обвинителство Гостивар со изборно место бр.2 по објавениот Оглас бр.08-207/1 објавен во Службен весник на РСМ бр.252/22 од 23.12.2022, на ден 10.01.2023 година, врз основа на сумираните резултати од гласањето, ги утврдува и објавува

 

КОНЕЧЕН РЕЗУЛТАТ

      Кандидатот под реден број 1 од Кандидатската листа

Душица Димитриеска – Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Гостивар, е избран за член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Снимка од сумирањето на изборниот резултат

 

Изјава за конечен резултат

КОМИСИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИЗБОРИ НА ЧЛЕН НА СОВЕТОТ  ОД РЕДОТ НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ

ПРЕТСЕДАТЕЛ

ФИДАНКА РАЈЕВСКА