Соопштение

На 76тата седница на Советот на јавните обвинители на РСМ донесени се три одлуки за престанок на функцијата јавен обвинител поради исполнување на условите за старосна пензија, и тоа:

 

1. Сузана Косигерска јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Куманово заклучно со 28.03.2023 година;

2. Петко Василевски јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Дебар заклучно со 30.03.2023 година;

3. Ацо Колевски јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија заклучно со 11.04.2023 година.

 

На истата седница е усвоен Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2022 година.