Соопштение

На седницата одржана на ден 16.09.2019 година, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија ги донесе следните одлуки:

– Ставено е вон сила  Решението број 04-161/1 од 15.09.2015 година.

– На јавните обвинители во Јавното обвинтелство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, и тоа: Елизабета Јосифовска, Ленче Ристоска, Љубомир Лапе, Фатиме Фетаи, Бурим Рустеми, Стевчо Донев, Гаврил Бубевски, Артан Ајро, Лиле Стефанова и Трајче Пеливанов им престанува мандатот во ова обвинтелство.

– На јавниот обвинител Лиле Стефанова и престанува мандатот во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и кориупција на 15.05.2018 година.

– Специјалните јавни обвинители кои до сега ја обавува функцијата во Јавното обвинтелство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите  продолжуваат да ја вршат функцијата во основните јавни обвинителства од каде биле избрани и тоа:

  • Елизабета Јосифовска во Основното јавно обвинителство Гостивар
  • Бурим Рустеми во Основното јавно обвинителство Куманово
  • Љубомир Лапе во Основното јавно обвинителство Куманово
  • Стевчо Донев во Основното јавно обвинителство Кочаниѝ
  • Фатиме Фетаи во Основното јавно обвинителство Скопје
  • Гаврил Бубевски во Основното јавно обвинителство Скопје
  • Ленче Ристоска во Основното јавно обвинителство Скопје
  • Трајче Пеливанов во Основното јавно обвинителство Скопје
  • Артан Ајро во Основното јавно обвинителство Скопје
  • Лиле Стефанова во Основното јавно обвинителство Радовиш