Соопштение

Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија најостро го осудува поставувањето на експлозивна направа во возило на јавен обвинител од Кичево. Овој чин претставува акт на насилство и закана не само врз јавниот обвинител и членовите на нејзиното семејство, туку е и акт насочен против сигурноста на сите јавни обвинители и функционирањето на целата јавнообвинителска институција и правосудството во целина.

Начелата на законитост и објективно вршење на функцијата јавен обвинител се начела утврдени со уставот и законите, кон нив, сите јавни обвинители мора доследно да се придржуваат при извршувањето на својата функција, и било каков акт на насилство и закана спрема нив лично или институцијата во целина нема да ги поколеба да отстапат од овие начела при спроведувањето на кривичното гонење.

Очекуваме дека надлежните државни органи наскоро ќе ги откријат сторителите на овој чин на насилство и нивните мотиви.

Советот на јавни обвинители изразува силна подршка на јавниот обвинител врз кој е спроведен овој чин на насилство, и на сите јавни обвинители во бескомпромисната борба против криминалот.