Соопштение

Комисијата за спроведување на избори за членови на Советот од редот на јавните обвинители на ден 16.06.2020 година, ги сумираше резултатите по извршениот избор од страна на јавните обвинители во Република Северна Македонија по огласот објавен во Службен весник на РСМ бр.128/20 од 18.05.2020 година, од подрачјето на ВЈО Битола, ВЈО Гостивар, ВЈО Скопје како и од посебната листа на кандидати на јавните обвинители припадници на сите заедници кои не се мнозинство во Република Северна Македонија за целата територија на Република Северна Македонија, со изборни места како за општата листа.
За член на Советот од подрачјето на ВЈО Битола беше избран г-дин Антонио Јолевски – јавен обвинител во ОЈО Битола
За член на Советот од подрачјето на ВЈО Гостивар беше избран г-дин Фаик Арслани – јавен обвинител во ВЈО Гостивар
За член на Советот од подрачјето на ВЈО Скопје беше избрана г-ѓа Фиданка Рајевска – јавен обвинител во ВЈО Скопје
За член на Советот од посебната листа на кандидати јавни обвинители кои не се мнозинство во Република Северна Македонија за целата територија на Република Македонија беше избран г-дин Коле Штерјев – јавен обвинител во ВЈО Скопје.