Соопштение

Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија ја разгледа Претставката што до Народниот правобранител на Република Северна Македонија ја има доставено г-ѓа Катица Јанева, во врска со донесеното решение 04-147/1 од 16.09.2019 година за нејзино разрешување од функцијата Јавен обвинител на  јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, решение со кое е ставено вон сила за мирување како јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Гевгелија, и заклучи дека одлуките кои што ги донел Советот се законити и се донесени во транспарента постапка.