Соопштение

На 07.04.2021 година Претседателот на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија г-дин Ацо Колевски и Заменик претседателот Арбер Исаку, во просториите на Советот, остварија работна средба со амбасадорот на Европската унија во РС Македонија Дејвид Гир и заменик-шеф на делегацијата на Европската унија Џулијан Васало. На средбата, високните гости беа запознаени со состојбата на опременост и просторните услови во кои работи Советот, како и за причините кои ја намалуваат ефикасноста на работењето на јавното обвинителство.