СООПШТЕНИЈА

Клучен збор:
Дата:
Категорија:
11.09.2018   Соопштение   Категорија 1

Врз основа на член 10 став 2 од Законот за Советот на Јавните обвинители на Република Македонија (Службен весник РМ бр. 150/07) донесувам:

 

ОДЛУКА

за свикување на четириесет и деветта седница на Советот на јавните обвинители на Република Македонија на ден 13.09.2018 година (четврток) со почеток во 10:30 часот.

За седница го предлагам следниот:

Дневен ред

1. Усвојување на записникот од 48 (четириесет и осма) седница на Советот.

2. Разгледување и усвојување на Планот на предвидени активности на Советот на јавните обвинители на Република Македонија и календар за реализација на истите за периодот септември-декември 2018 година.

3. Разгледување на актуелната кадрова политика во Јавните обвинителства во Република Македонија, од аспект на непополноста со јавни обвинители, и предлози и сугестии за надминување на состојбата.

4. Статусот на Советот на јавните обвинители на Република Македонија во престојните реформи во правосудството, мислења на Советот.

5. Начин на постапување на Советот на јавните обвинители на Република Македонија по преставки поднесени од јавни обвинители против јавни обвинители, завземање на став за постапување по преставки поднесени од основни јавни обвинители против јавни обвинители од повисоките обвинителства.

6. Разно

 

                                                                                         СОВЕТ НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ НА

                                                                                                   РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

                                                                                                               Претседател

                                                                                                                Коле Штерјев