Членови на Советот

Антонио Јолевски

Роден на 03.12.1963 година, во Битола.

Гимназија завршил во 1982 во Битола. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во1989 година.

Правосуден испит положил во 1993 година.

Во 1983 година се вработил во Окружен суд Битола, каде бил приправник и раководител на писарницата. Од 1996 распореден во Апелациониот суд Битола како стручен соработник и судски советник, а од 2002 година како раководител на сектор – секретар на судот.

Во 2003 година е избран за заменик Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Битола.

Во 2012 година е избран за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола. Од 2018 како јавен обвинител во ОЈО Битола.

Во 2020 година е избран Член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Од 01.10.2021 година ја извршува функцијата Претседател на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Арбер Исаку

Правосуден испит положил во 2010 година.

Професионално искуство:
На 01.05. 2016 година е избран член на Советот на jавните oбвинители на Република Македонија.
На 23.09.2020 година е избран за Заменик Претседател на Советот на jавните oбвинители на Република Северна Македонија во втор мандат.

На 01.10.2021 година е избран за Заменик Претседател на Советот на jавните oбвинители на Република Северна Македонија.

Љубомир Јовески

Љубомир Јовески

Љубомир Јовески како Јавен обвинител на Република Северна Македонија е член по функција.
Јовески е роден на 03.01.1954 година во с. Долгаец, прилепско.
Дипломира на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 1978 година.
Правосудниот испит го положил во 1983 година.
Во својата професионална биографија Јовески има повеќе од 15 години работно искуство како судија на предмети од кривична материја, повеќе од 12 години работно искуство како јавен обвинител и 7 години работно искуство во областа на извршување на кривичните санкции.
Во 1987 година Јовески е избран за судија во Општинскиот суд Скопје 2, а во 1995 и 1996 година ја извршува функцијата заменик-претседател на Судот.
Од 1996 година е вршител на должноста претседател на Општинскиот суд Скопје 2, по што е избран и за претседател на Основниот суд Скопје 2 Скопје за мандат од четири години. Како судија постапувал по предмети од кривичната област.
Во 2003 година е избран за заменик јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија.
Во 2009 година е избран за јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија.
Во 2015 година, е избран за член на Советот на јавни обвинители на Република Македонија од редот на јавните обвинители која функција ја извршувал до изборот за јавен обвинител на Република Македонија.
KAT_2100

Фиданка Рајевска

Родена на 21.02.1960 година во Скопје.
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1983 година.
Правосуден испит положила во 1986 година.
Од 1985 до 1986 година работи како приправник во Окружното јавно обвинителство Скопје.
Од 1986 до 1997 година работи како стручен соработник во Окружното јавно обвинителство Скопје.
Во 1997 година е избрана за Заменик Јавен Обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје.
Во 2012 година е избрана за Јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје.
Во 2016 година е избрана за член на Советот на jавни oбвинители на Република Северна Македонија.
KAT_2120

Јасна Жежова

Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1986 година.
Правосуден испит положила во 1988 година.
Од 1988 до 1997 година работи како стручен соработник во Окружното јавно обвинителство – Штип.
Во 1997 е избрана за Заменик јавен обвинител во Основното јавно обвинителство – Штип.
Во 2002 година е избрана за Јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство – Штип.
Од 01.01.2016 година ја врши функцијата член на Советот на jавни oбвинители на Република Северна Македонија.

fotoI

Иџет Мемети

Роден е на 08.01.1961 година во село Раковец – Тетово, Република Македонија, етничка припадност Албанец.
• 1986 – дипломирал на Правниот факултет во Приштина.
• 1987 – професионалното искуство го започнал како секретар во Основно училиште во село Требош – Тетово. Подоцна бил избран за заменик – секретар на Владата на Република Македонија.
• 1995 – ја извршувал функцијата секретар во Владата на Република Македонија.
• 1998 – повторно бил избран за заменик – секретар на Владата на Република Македонија.
• 1999 – номиниран за републички советник.
• Во 2000 година, положил правосуден испит.
• 2000 – работел како државен советник во Владата на Република Македонија.
• 2001 – бил избран за министер за правда на Република Македонија.
• 2002-повторно бил номиниран за државен советник во Владата на Република Македонија.
• мај 2003 – бил избран за судија во Уставниот суд на Република Македонија.
• ноември 2003 – повторно бил избран за министер за правда на Република Македонија.
• Бил член на Државната комисија за избирачки списоци во Собранието на Република Македонија, член на Координативното тело на Владата на Република Македонија за справување со кризата во 2001 година, како и член на Правниот совет на Владата на Република Македонија.
• Во декември 2004 година е избран за народен правобранител на Република Македонија.
• Член е на Комисијата за изработка на Граѓанскиот законик на Република Македонија.
• Член е на Комисијата за полагање на правосуден испит.
• септември 2012 година е одликуван со орден „Офицер на националниот ред за заслуги“ од страна на претседателот на Франција Франсоа Оланд.
• ноември 2012 година е одликуван со „Орден за граѓански заслуги“ од страна на кралот на Шпанија Хуан Карлос Први.
• Во декември 2012 година е реизбран за народен правобранител на Република Македонија.
• Во декември 2020 година е избран за член на Соиветот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.
• Oбјавени меѓународни и домашни публикации:
„Можниот придонес на омбудсманот во превенција и избегнување на религиозните, етничките и социјалните конфликти“, „Ромите – европско прашање“, „Пристап до информациите и што може омбудсманот да стори“, “Омбудсманот во мулти-културните општества”, „Улогата на Омбудсманот во борба за превенција и заштита од дискриминација“, „Улогата на Националниот превентивен механизам во општеството – една година од воспоставувањето на Националниот превентивен механизам во Република Македонија“, „11 години по потпишувањето на Рамковниот договор“, „Национални институции за човекови права“ и други.

Влатко Георгиевски

Роден e на 02.04.1960 година во Скопје,каде има завршено основно и гимназиско образование.
На 24.06.1985 година дипломирал на Правниот факултет Скопје при Универзитетот “Кирил и Методиј“.
На 14.01.1988 година се вработил како судиски приправник во поранешниот Окружен суд Скопје.
На 19.02.1990 година го положил правосудниот испит,а потоа продолжил да работи во Апелациониот суд Скопје како стручен соработник.
На 26.03.1997 година именуван е за заменик на јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје.
Од 01.11.2005 година распореден е во Одделението за гонење на сторителите на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција. По основањето на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,од 25.11.2008 година, избран е за јавен обвинител во тоа Обвинителство.
На 20.06.2016 година, избран е за јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
На 01.03.2022 година избран е за член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Душица Димитриеска

Родена на 30.05.1967 година во Гостивар.
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1990 година.
Правосуден испит положила во 1994 година.
Од 1991 до 1994 била вработена како приправник во Основниот суд во Гостивар.
Од 1994 до 2003 година била на работно место стручен соработник во Основен суд во Гостивар.
На 10.04.2003 година била именувана за Заменик Јавен обвинител во Основното Јавно обвинителство во Гостивар.
На 14.07.2022 година избрана е за Вршител на должност Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Гостивар.
На 23.12.2022 избрана е за Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Гостивар.
На ден 10.01.2023 година е избрана за член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Ермон Незири

Роден на 26.11.1975 година во Скопје.
Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1999 година.
Од 1998-2005 бил вработен во невладин сектор.
Од 2005-2007 година бил вработен како стручен соработник во Основен Кривичен суд-Скопје.
Од 2007-2009 година Академија за судии и јавни обвинители.
Од 2009-2021 година работи како Јавен обвинител во Основното Јавно обвинителство-Скопје на предмети од повеќе одделенија: Финансиски криминал, имотен криминал и предмети од областа на злоупотреба на службената положба и овластување, меѓународна соработка во кривична материја, раководител на одделение на РО и КОН и обвинител задолжен за прием и дистрибуција на пошта во Основно Јавно обвинителство-Скопје. Организирање и координирање на работата на Основното Јавно обвинителство-Скопје, од позиција заменик на Основниот Јавен обвинител на Основното Јавно обвинителство-Скопје.
На ден 10.05.2023 година е избран за член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Претседатели

Елена Гошева 2008-2010
Костадин Кизов 2010-2014
Петар Аневски 2014-2017
Коле Штерјев 2017-2019
Ацо Колевски 2019-2021

Членови

Елена Гошева
М-р Фаик Арслани
Костадин Кизов
Коста Петровски
Проф. Д-р Зоран Сулеманов
Д-р Тодор Витларов
Кире Секуловски
Момир Маричиќ
Миле Мојсовски
Олгица Јорданова
Драгољуб Цакиќ
Дашмир Саити
Мираљем Асани
Ангеле Илиевски
Сашо Василевски
Насер Ајдари
Никола Ивановски
Дилавер Бектеши
Петар Аневски
Деса Пауновска
Меџит Јусуфи
Ацо Колевски
Ангел Солев
Љупчо Ивановски
Фаик Арслани
Коле Штерјев