Закон за Советот на јавни обвинители

„Службен весник на РМ“ бр. 150 од 12.12.2007 година

Врз  основа  на  член     75  ставови    1  и    2  од  Уставот  на  Република  Македонија,

претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република

Македонија издаваат

У К А З

ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СОВЕТОТ НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Се прогласува Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија,

што  Собранието  на  Република  Македонија  го  донесе  на  седницата  одржана  на  3 декември 2007 година.

Бр. 07-5227/1

3 декември 2007 година

Скопје

Претседател

на Собранието на Република

Македонија,

Љубиша Георгиевски, с.р.

Претседател

на Република Македонија,
Бранко Црвенковски, с.р.

ЗАКОН ЗА СОВЕТОТ НА ЈАВНИTE ОБВИНИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

  1. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овој закон се уредуваат надлежноста, составот и структурата на Советот на јавните обвинители  на  Република  Македонија  (во  натамошниот  текст:  Советот),  мандатот  на неговите членови, основите и постапката за престанок и разрешување на член на Советот, како и основите и постапката за избор и престанок и разрешување на јавните обвинители и други прашања во врска со работата на Советот.

Член 2

Советот  е  самостоен орган  кој  ја  обезбедува  и гарантира  самостојноста  на  јавните обвинители во извршување на нивната функција.

Член 3

(1) Се забранува политичко организирање и дејствување во Советот.

(2) Членовите на Советот во вршење на   функциите на Советот не смеат да остваруваат партиска активност.

(3)  Советот  со  својата  работа  оневозможува  какво  било  влијание  во  јавното обвинителство спротивно на закон.

(4) Функцијата избран член на Советот е неспојлива со членување во политичка партија или со вршење на друга јавна функција и професија.

Член 4

(1) Советот има својство на правно лице.

(2) Седиштето на Советот е во Скопје.

1 од 17

„Службен весник на РМ“ бр. 150 од 12.12.2007 година

Член 5

(1) Советот има печат.

(2) Печатот го содржи грбот и името Република Македонија и називот на Советот и неговото седиште.

  1. СОСТАВ И ПРЕТСЕДАТЕЛ   НА СОВЕТОТ

Состав на Советот

Член 6

Советот е составен од 11 члена, од кои:

– по функција членови на Советот се јавниот обвинител на Република Македонија и министерот за правда,

–  еден член на Советот    избираат јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија, од своите редови,

– по еден член на Советот избираат јавните обвинители од подрачјата на вишите јавни
обвинителства Битола, Гостивар, Скопје и Штип, од своите редови,
–  еден член на Советот припадник на заедница која не е мнозинство во Република
Македонија,  го  избираат  сите  јавни  обвинители  во  Република  Македонија,  од  своите
редови и

– тројца членови на Советот ги избира Собранието на Република Македонија од редот
на универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати правници, од кои
двајца се припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

Мандат на членовите на Советот

Член 7

(1) Мандатот на избраните   членови на Советот трае четири години со право на уште еден избор.

(2)  Мандатот  на  член  на  Советот  кој  е  избран  на  дополнителни  избори,  поради
предвремен престанок на мандатот за член на Советот на чие место е избран, трае четири
години.

(3) На избраните членови на Советот од редот на јавните обвинители, додека им трае мандатот во Советот, им мирува функцијата јавен обвинител.

(4)  На член на Советот по функција, со престанок на функцијата му престанува и мандатот во Советот.

Претседател   на Советот

Член 8

(1) Советот има претседател кој го претставува и раководи со Советот.

(2) Претседателот на Советот се избира од членовите на Советот, од редот на избраните јавни обвинители, со мнозинство гласови од вкупниот број членови со тајно гласање.

(3) Мандатот на претседателот на Советот трае две години, без право    на повторен избор.

(4) Советот, по предлог на претседателот на Советот, на истата седница на која се избира   претседател, избира и заменик кој го заменува во негово отсуство.

(5)  За  претседател  и  заменик  претседател  на  Советот  не  можат  да  бидат  избрани јавниот обвинител на Република Македонија и министерот за правда.

2 од 17

„Службен весник на РМ“ бр. 150 од 12.12.2007 година

III. НАДЛЕЖНОСТ И НАЧИН НА РАБОТА
НА СОВЕТОТ

Член 9

Советот е надлежен да:

– дава мислење на Владата на Република Македонија по предлогот за именување и разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија,

– ги избира и разрешува јавните обвинители,

–  утврдува престанок на функцијата јавен обвинител и одлучува во втор степен во постапка за утврдување на дисциплинската одговорност на јавните обвинители,
–  одлучува  за  утврдување  на  нестручно  и  несовесно  вршење  на  функцијата  јавен
обвинител,

– ја следи работата на јавните обвинители врз основа на   оцената за нивната работа согласно со Законот за јавното обвинителство,

– одлучува за привремено оддалечување од функцијата јавен обвинител,

– постапува по претставки и поплаки на граѓани и правни лица за работата на јавните обвинители,

– го определува бројот на јавните обвинители во јавните обвинителства со одлука,

–  до  крајот  на  февруари  во  тековната  година,  со  одлука  го  утврдува  бројот  на слободните јавнообвинителски места во основните јавни обвинителства за наредните две години и одлуката да ја доставува до Академијата за обука на судии и обвинители,

– ги разгледува и оценува годишните извештаи на јавните обвинителства, – донесува Деловник за работа,

– донесува решение за мирување на функцијата јавен обвинител,

– издава и да одзема службени легитимации на јавните обвинители, – води персонален лист за јавните обвинители,

– поднесува извештај за својата работа,

– дава мислења по закони од областа на делокругот на работата на Советот,

– дава мислења по програмите на Академијата за обука на судии и јавни обвинители,

– објави оглас и спроведува постапка за избор на јавен обвинител за времено упатување во друго јавно обвинителство и

– врши и други работи утврдени со закон.

Работа на седници

Член 10

(1)  Работите  од  својата  надлежност  Советот  ги  разгледува  и  за  нив  одлучува  на седница.

(2) Претседателот на Советот ги свикува седниците и со нив раководи.

(3) Претседателот е должен да свика седница и по   предлог на најмалку четири члена на Советот.

(4) Седница може да се одржи ако е присутно мнозинството од вкупниот број членови.

(5) Советот одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број членови.

Еднаквост на членовите на Советот

Член 11

Членовите на Советот во вршењето на функцијата член на Советот имаат еднакви права и обврски.

3 од 17

„Службен весник на РМ“ бр. 150 од 12.12.2007 година

Деловник за работа на Советот

Член 12

(1)  Советот  донесува  Деловник  за  работа  со  мнозинство  гласови  од  вкупниот број членови.

(2) Со Деловникот за работа на Советот се уредува постапката и начинот на работа на Советот и други прашања од надлежност на Советот.

Извештај за работа

Член 13

(1) Советот за својата работа поднесува годишен извештај до Собранието на Република Македонија.

(2)  Извештајот  содржи  податоци  за  бројот  на  избраните  и  разрешените  јавни обвинители,  бројот  на  поведени  и  завршени  дисциплински  постапки,     кадровските состојби  во  јавното  обвинителство,  материјално-финансиската  состојба  во  јавното обвинителство, податоци за постапување по претставки и предлози од граѓаните и правни лица и други податоци од делокругот на работата на Советот.

(3) Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови на седница го усвојува извештајот за својата работа.

(4) По усвојувањето на извештајот примерок се доставува до Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија и Јавното обвинителство на Република Македонија.

  1. ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕН НА СОВЕТОТ

Оглас за член на Советот

Член 14

(1) Претседателот на Советот во рок од 60 дена пред истекот на мандатот на членовите на Советот е должен да:

– донесе решение за распишување на избор за членови на Советот од редот на јавните обвинители,

– распише оглас за избор на членови на Советот од редот на јавните обвинители и

– го извести претседателот на Собранието на Република Македонија да распише оглас за избор на   членови на Советот што ги избира Собранието.

(2)  Во  случај  на  предвремен  престанок  на  мандатот  од  членот     7  на  овој  закон,

претседателот на Советот ќе постапи согласно со ставот (1) на овој член во рок од 15 дена по престанокот на мандатот за членот на Советот.

Времетраење на огласот

Член 15

(1) Огласот од членот 14 на овој закон се објавува во “Службен весник на Република Македонија“ и во најмалку два дневни весника од кои еден од весниците што се издава на јазикот    што  го  зборуваат  најмалку  20%  од  граѓаните  кои  зборуваат  службен  јазик различен од македонскиот јазик.

(2) Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“.

4 од 17

„Службен весник на РМ“ бр. 150 од 12.12.2007 година

(3) Од денот на распишувањето на огласот до денот на гласањето мора да поминат најмалку 30 дена.

Услови за член на Советот од редот на јавните
обвинители

Член 16

На огласот може да се јави секој јавен обвинител кој во моментот на објавувањето на огласот врши фунција на јавен обвинител и:

– кој има најмалку осум години стаж како јавен обвинител и

– во последните две години да не му е изречена дисциплинска мерка.

Кандидатура

Член 17

(1) Кандидатите својата кандидатура ја поднесуваат писмено до Советот.

(2) Кон пријавата кандидатот доставува:

– потврда за стаж како јавен обвинител,

– потврда дека во последните две години не му е изречена дисциплинска мерка, – биографски податоци за стручниот и професионалниот развој,

– податоци за учество во стручна и професионална едукација, издадени од Академијата за обука на судии и јавни обвинители и

– изјава за која листа се пријавува.

Комисија за подготвување на кандидатски листи

Член 18

(1) Советот од својот состав формира Комисија за подготвување на кандидатски листи составена од три члена.

(2)  Комисијата  од  навремено  доставените  кандидатури  на  кандидатите  кои  ги исполниле  условите  од  членот  16  на  овој  закон,  изготвува  кандидатски  листи  и  ги доставува до Советот.

(3) Кандидатските листи се подготвуваат по изборни единици од кои се избира по еден кандидат, и тоа:

–  како  општа  листа  за  кандидат  од  подрачјето  на  Вишото  јавно  обвинителство  во Битола, со изборно место број 1,

–  како  општа  листа  за  кандидат  од  подрачјето  на  Вишото  јавно  обвинителство  во Гостивар, со изборно место број 2,

– како општа листа за кандидат од подрачјето на Вишото јавно обвинителство во Скопје со изборно место број 3,

– како општа листа за кандидат од подрачјето на Вишото јавно обвинителство во Штип, со изборно место број 4,

– како општа листа за кандидат од подрачјето на Јавното обвинителство на Република Македонија, со изборно место број 5 и

– како единствена посебна листа на кандидати на јавните обвинители припадници на сите заедници кои не се мнозинство во Република Македонија за целата територија на Република Македонија, со изборни места како за општа листа.

5 од 17

„Службен весник на РМ“ бр. 150 од 12.12.2007 година

(4) Комисијата од ставот (1) на овој член со решение ќе ја одбие кандидатурата на јавен
обвинител за член на Советот ако не ги исполнува условите утврдени во членот 16   од овој
закон или ако достави несоодветни и неточни податоци   согласно со членот 17 од овој
закон.

(5)  Против  решението  од  ставот  (4)  на  овој  член  јавниот  обвинител  има  право  да поднесе тужба за поведување на управен спор пред надлежен суд во рок од 24 часа од денот на приемот на решението.

(6) По тужбата од ставот (5) на овој член судот одлучува во рок од 48 часа од денот на нејзиниот прием.

(7)  Комисијата од ставот  (1) на овој член ќе ги објави кандидатските листи преку медиумите најдоцна 21 ден од денот на распишувањето на изборите.

(8) Јавниот обвинител може да ја повлече својата кандидатура во рок од седум   дена по поднесувањето на својата кандидатура.

Комисија за спроведување на избори на членови на Советот од редот на јавните
обвинители

Член   19

(1) Советот од својот состав формира Комисија за спроведување на избори на членови на Советот од редот на јавните обвинители во Република Македонија (во натамошниот текст: Комисијата за избори).

(2) Комисијата за избори се состои од претседател, два члена и нивни заменици.

(3)  Комисијата  за  избори  го  подготвува  изборниот  материјал,  формира  избирачки одбори и ги спроведува изборите.

Изборен именик на јавните обвинители

Член 20

(1) Изборниот именик на јавните обвинители го води Министерството за правда и во него се содржани податоците за:

– името и презимето на јавниот обвинител,
– единствениот матичен број,

– јавното обвинителство во кое ја врши функцијата, – вкупниот стаж како јавен обвинител,

– националната припадност,

– бројот на службената легитимација,
– место за забелешка и

– место за потпис.

(2)  Најдоцна  пет  дена  по  распишување  на  изборите,  Министерството  за  правда  го доставува  Изборниот  именик  на  јавните  обвинители  до  сите  јавни  обвинителства  во Република Македонија.

(3) Изборниот именик на јавните обвинители се става на увид во јавното обвинителство и е достапен   на секој јавен обвинител кој има   право во рок од три дена по писмен пат   да побара исправка на податоците.

(4) Министерот за правда во рок од три дена од приемот на барањето од ставот ( 3) на овој член одлучува со решение.

(5)  Против  решението  од  ставот  (4)  на  овој  член  јавниот  обвинител  има  право  да поднесе тужба за поведување на управен спор пред надлежен суд во рок од 24 часа од денот на приемот на решението.

6 од 17

„Службен весник на РМ“ бр. 150 од 12.12.2007 година

(6) По тужбата од ставот (5) на овој член судот одлучува во рок од 48 часа од денот на нејзиниот прием.

(7) Министерството за правда најдоцна во рок од 20 дена од денот на распишувањето на изборите го заклучува Изборниот именик на јавните обвинители.

Начин за спроведување на изборите за членови на Советот од редот на јавните
обвинители

Член   21

(1) Изборите за членовите на Советот од редот на јавните обвинители се спроведуваат во ист ден.

(2) Изборите се спроведуваат на изборни места во вишите јавни обвинителства и во Јавното обвинителство на Република Македонија.

(3) Изборите по изборни места ги спроведува изборен одбор формиран со решение од Комисијата за избори.

(4) Кандидат за член на Советот не може да биде член на изборен одбор.

(5)  Изборниот  одбор  е  составен  од  претседател  и  заменик  претседател  од  редот  на
јавните   обвинители   и   двајца   членови   и   нивни   заменици   од   редот   на   вишите

јавнообвинителски       советници,       самостојните        јавнообвинителски       советници,

јавнообвинителски советници, стручни соработници и јавнообвинителски приправници.

(6) Комисијата за избори е должна изборниот одбор да го формира седум дена пред денот на гласањето.

Изборен материјал

Член   22

Изборниот материјал се состои од:
– кутии за гласање и паравани,
– обрасци за записници,

–  блок  со  гласачки  ливчиња  според  изводот  од  Изборниот  именик  на  јавните обвинители,

– извод од Изборниот именик на јавните обвинители, – листи на кандидати и

– друг материјал потребен за гласање.

Гласачко ливче

Член 23

(1) Гласачкото ливче содржи:
– назив на гласачкото ливче,
– сериски број,

– број на изборна единица и назив на изборното место,

– презиме и име на кандидатите според азбучен ред,

– јавното обвинителство од кое кандидатот се кандидира и

– заверка со печат на јавното обвинителство кое е изборно место.

(2) Покрај податоците од ставот (1) на овој член посебното гласачко ливче содржи и податоци за националната припадност на кандидатите.

(3) Комисијата за избори го подготвува образецот на гласачкото ливче согласно со овој
член.

7 од 17

„Службен весник на РМ“ бр. 150 од 12.12.2007 година

Доставување на изборниот материјал

Член 24

Комисијата  за  избори  го  предава  изборниот  материјал  на  претседателите  на избирачките одбори најдоцна во рок од 24 часа пред одржување на изборите за што се составува записник.

Спроведување на гласањето

Член 25

(1) Гласањето се спроведува во работен ден.

(2) Гласањето започнува во 8,00 часот и трае непрекинато до 16,00 часот.

(3) Јавните обвинители гласаат за еден кандидат од општата листа и еден кандидат од единствената посебна листа.

(4) Јавните обвинители се идентификуваат при гласањето со службена легитимација и гласаат тајно.

(5) Избирачкиот одбор може да го затвори гласачкото место и пред истекот на рокот од ставот  (2)  на  овој  член,  ако  гласале  сите  јавни  обвинители  запишани  во  изводот  од Изборниот именик на јавните обвинители.

Записник за гласање

Член 26

(1) По затворањето на гласачкото место, избирачките одбори најдоцна до 19,00 часот истиот ден составуваат записник за текот и резултатите на гласањето и ја известуваат Комисијата за изборите.

(2) Во записникот се внесуваат податоци:

– за вкупниот број на излезени гласачи кои гласале,

– за вкупниот број на гласови што ги добил   секој кандидат, – за бројот на неважечките ливчиња и

– забелешка за текот на гласањето

(3) Избирачкиот одбор   најдоцна во рок од осум часа по завршување на гласањето го доставува  записникот  со  резултатите  од  гласањето  и  другиот  изборен  материјал  до Комисијата за избори.

Неважечко гласачко ливче

Член 27

Гласачкото ливче е неважечко ако не е пополнето или има заокружено поголем број кандидати од бројот што се избира според изборната единица.

Изборен резултат

Член 28

(1)  Комисијата  за  избори  ги  сумира  резултатите  од  изборните  места,  го  утврдува изборниот  резултат  во  изборните  единици  и  преку  медиумите  и  на  огласна  табла  на изборното место ги објавува резултатите најдоцна во рок од  48 часа од моментот на затворањето     на  изборните  места  доколку  не  е  поведена  постапка  за  заштита  на избирачкото право согласно со членовите 30 и 31 од овој закон.

8 од 17

„Службен весник на РМ“ бр. 150 од 12.12.2007 година

(2) Ако е поведена постапка за заштита на избирачкото право, Комисијата за избори
резултатите од ставот (1) на овој член ги објавува веднаш по завршување на тие постапки.

(3) За избран член на Советот се смета кандидатот кој добил најголем број гласови по изборни единици.

(4)  Ако  повеќе  кандидати  добиле  еднаков  број  на  гласови  од  една  изборна  листа,
изборите за овие кандидати ќе се повторат во рок од седум дена од денот на гласањето.

(5)  Комисијата  за  избори  на  избраните  членови  на  Советот  од  редот  на  јавните обвинители им издава уверение.

(6) Формата и содржината на образецот на уверението ќе ги пропише министерот за правда.

Заштита на избирачко право

Член 29

(1) Постапката за заштита на избирачкото право е итна.

(2) Приговорите и тужбите се доставуваат директно до надлежните органи.

(3) Доставувањето на приговор и тужба по пошта не е дозволено.

Постапка за заштита на избирачкото право

на кандидат

Член 30

(1)  Секој  кандидат  за  текот  и  резултатите  од  гласањето  во  постапката  за  гласање, сумирање и утврдување на резултатите од гласањето за член на Советот може во рок од 5 часа по завршувањето на гласањето до Комисијата за избори да поднесе приговор.

(2) Комисијата за избори е должна во рок од  12 часа по приемот на приговорот да донесе одлука.

(3) Против одлуката на Комисијата за избори во рок од 12 часа од приемот на одлуката може да се поднесе тужба за поведување на управен спор пред надлежен суд.

(4) По тужбата од ставот (3) на овој член судот одлучува во рок од 48 часа од денот на нејзиниот прием.

Постапка за заштита на избирачко право на избирач

Член 31

(1)  Секој  избирач  на  кого  му  е  повредено  избирачкото  право  во  постапката  при спроведување на гласањето може во рок од  5 часа по завршувањето на гласањето до Комисијата за избори да поднесе приговор.

(2) Комисијата за избори е должна во рок од  12 часа по приемот на приговорот да донесе одлука.

(3) Против одлуката на Комисијата за избори во рок од 12 часа од приемот на одлуката може да се поднесе тужба за поведување на управен спор пред надлежен суд.

(4) По тужбата од ставот (3) на овој член судот одлучува во рок од 48 часа од денот на нејзиниот прием.

9 од 17

„Службен весник на РМ“ бр. 150 од 12.12.2007 година

Членови на Советот што ги избира Собранието
на   Република Македонија

Член 32

(1)  Членовите  на  Советот  што  ги  избира  Собранието  на  Република  Македонија  се избираат од редот на универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати правници.

(2) Седницата на Собранието на Република Македонија на која се избираат членовите од ставот (1) на овој член е итна и се одржува во рок од најмногу 30 дена од денот на изборот за членови на Советот што се избираат од страна на јавните обвинители.

Свечена изјава

Член 33

(1) Избраните членови на Советот и членовите по функција, даваат свечена изјава пред претседателот на Собранието на Република Македонија.

(2) Свечената изјава гласи:

“Изјавувам и се колнам дека функцијата член на Советот на јавни обвинители ќе ја вршам чесно, совесно и одговорно и ќе ги почитувам Уставот на Република Македонија, законите и маѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија.“

(3) Свечената изјава новоизбраните членови ја потпишуваат.

(4) Избраните членови и членовите по функција на Советот, свечената изјава ја даваат
на македонски јазик и ја потпишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

(5) Избраните членови на Советот припадници на заедниците кои зборуваат службен јазик  различен  од  македонскиот  јазик  што  го  зборуваат  најмалку  20%  од  граѓаните, свечената изјава ја даваат на македонски јазик, а ја потпишуват на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот и писмото на таа зедница.

(6) На новоизбраниот член му се дава примерок од потпишаната изјава.

Конституирање на Советот

Член 34

(1) Конститутивната седница се одржува во рок од 30 дена од изборот на мнозинството членови на Советот.

(2) Конститутивната седница ја свикува и со неа раководи најстариот член на Советот, до избор на претседател на Советот.

(3)  Советот  може  да  се  конституира  ако  се  избрани  мнозинство  од  вкупниот  број членови.

Престанок на мандатот на член на Советот

Член 35

(1) На член на Советот му престанува мандатот:

1) со истекот на времето за кое е избран;

2) по негово барање;

3) со исполнување на условите за старосна пензија согласно со закон;

4) ако е осуден со правосилна пресуда за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку  шест  месеца  или    на  поблага  казна  за  друго  кривично  дело  кое  го  прави недостоен   да ја врши функцијата член на Советот;

10 од 17

„Службен весник на РМ“ бр. 150 од 12.12.2007 година

5) ако трајно ја загуби способноста за вршење на функцијата и

6) ако на негово барање и со негова согласност е избран или именуван на друга јавна функција или професија.

(2) Во случајот од ставот (1) точка 2 на овој член мандатот престанува кога Советот, Собранието  на  Република  Македонија,  односно  Владата  на  Република  Македонија  на седница ќе ја усвои оставката.

(3) Во случајот од ставот  (1) точка  4 на овој член мандатот престанува со денот на правосилноста на пресудата.

(4) Во случајот од ставот (1) точка 5 на овој член мандатот престанува кога Советот врз основа на правосилна судска одлука на седница ќе утврди престанок на функцијата член на Советот поради трајно губење на способноста за вршење на функцијата.

(5) Во случајот од ставот (1) точка 6 на овој член мандатот престанува со изборот на друга функција или професија.

  1. ИЗБОР, ПРЕСТАНОК И РАЗРЕШУВАЊЕ ОД ФУНКЦИЈАТА ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

Огласување на избор за јавен обвинител

Член 36

(1) Советот донесува одлука за објавување на оглас за избор на јавен обвинител веднаш по   упразнување   на   местото   јавен   обвинител   или   по   утврдената   потреба   за јавнообвинителско место.

(2) Огласот се објавува во “Службен весник на Република Македонија“ и во најмалку
два дневни весника од кои еден од весниците што се издава на јазикот   што го зборуваат
најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.

(3) Со огласот се известуваат заинтересираните кандидати во рок од 15 дена од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“ да поднесат пријави до Советот.

Избор на јавен обвинител во основно јавно
обинителство

Член 37

(1) Советот избира јавен обвинител во основно јавно обвинителство рангиран според постигнатиот успех на листата на кандидати доставена од Академијата   за обука на судии и јавни обвинители кои се јавиле на огласот.

(2)  Ако  кандидатот  не  се  јави  на  три  последователни  огласи  за  избор  на  јавен обвинител, го губи утврдениот приоритет од листата на кандидати на Академијата за обука на судии и јавни обвинители.

Избор на јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија, во
вишите јавни обвинителства и во основно јавно обвинителство за гонење на
организиран криминал и корупција

Член 38

(1)  Советот  избира  јавни  обвинители  во  Јавното  обвинителство  на  Република Македонија,  во  вишите  јавни  обвинителства  и  во  основното  јавно  обвинителство  за гонење на организиран криминал и корупција, од пријавените кандидати на огласот што ги   исполнуваат   условите   и   критериумите   предвидени   во   Законот   за   јавното обвинителство.

11 од 17

„Службен весник на РМ“ бр. 150 од 12.12.2007 година

(2) Ако кандидатот не е од редот на јавните обвинители, Советот прибавува мислење од правното лице каде што кандидатот работел, како и од други   институции за неговиот стручен професионален развој во областа на правото и неговата примена.

Одлука за избор на јавни обвинители

Член 39

(1)  За избор на јавни обвинители Советот расправа и одлучува на седница на која присуствуваат најмалку две третини од вкупниот број членови.

(2) За јавен обвинител е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.

Избор на виш јавен обвинител, основен јавен обвинител за гонење на организиран
криминал и корупција и основен јавен обвинител

Член 40

(1) Советот избира виш јавен обвинител на вишо јавно обвинителство, основен јавен обвинител  за  гонење  на  организиран  криминал  и  корупција  на  основното  јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и основен јавен обвинител на основно јавно обвинителство од пријавените кандидати, од редот на избраните јавни обвинители  во  Република  Македонија  кои  ги  исполнуваат  условите  и  критериумите предвидени во Законот за јавното обвинителство.

(2) За виш јавен обвинител, основен јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција или основен јавен обвинител е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.

(3)  Ако  јавниот  обвинител  на  Република  Македонија  не  биде  повторно  именуван,
вишиот  јавен  обвинител  или  основниот  јавен  обвинител  не  бидат  повторно  избрани,
продолжуваат да ја вршат функцијата јавни обвинители во истото јавно обвинителство.

(4) Ако основниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција не биде  повторно  избран,  продолжува  да  ја  врши  функцијата  јавен  обвинител  во  јавно обвинителство од кое бил избран.

(5) Во случаите од ставот (1) на овој член посебно решение донесува Советот.

Правична и соодветна застапеност во изборот

на јавните обвинители

Член 41

Кога Советот избира основен јавен обвинител или јавен обвинител во основно јавно
обвинителство основано за подрачје на два или повеќе суда од кои барем еден суд е со
седиште на подрачјето на   единиците на локалната самоуправа во кои покрај македонскиот
јазик друг службен јазик е јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои живеат
на подрачјето на тие единици на локалната самоуправа и виш јавен обвинител или јавни
обвинители во тоа обвинителство кое се наоѓа на подрачјето на единицата на локалната
самоуправа каде што 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот
јазик, одлучува согласно со членот 39 од овој закон, при што   да има мнозинство гласови од
присутните  членови  кои  припаѓаат  на  заедниците  кои  не  се  мнозинство  во  Република
Македонија.

12 од 17

„Службен весник на РМ“ бр. 150 од 12.12.2007 година

Повторно огласување на избор

Член 42

Ако  од  пријавените  кандидати  за  јавен  обвинител  ниту  еден  не  ги  исполнува пропишаните услови или не е избран, постапката за избор веднаш се повторува.

Престанување на функцијата јавен обвинител

Член 43

Советот  со  решение  ќе  утврди  престанок  на  функцијата  јавен  обвинител,  кога  е исполнет некој од основите определени во Законот за јавното обвинителство.

Престанок на функцијата јавен обвинител

по сопствено барање

Член 44

Советот донесува решение за престанок на функцијата на јавен обвинител кога сам ќе го побара тоа, без посебно да ги испитува причините на барањето.

Престанок на функцијата јавен обвинител поради
губење државјанство

Член 45

Советот  донесува  решение  за  престанок  на  функцијата  на  јавен  обвинител  поради губење на државјанство врз основа на правосилна одлука на надлежен орган.

Престанок на функцијата јавен обвинител поради трајно губење
на   способноста за нејзино вршење

Член 46

(1)  Советот  пред  надлежен  суд,     по  службена  должност,  поведува  постапка  за утврдување трајно губење на способност за вршење на функцијата јавен обвинител кога сам ќе дојде до такво сознание или кога таква иницијатива ќе даде   јавниот обвинител на Република Македонија, вишиот или основниот јавен обвинител.

(2) Судот го утврдува трајното губење на способност за вршење на функцијата јавен обвинител  врз  основа  на  документација  со  наод,  оцена  и  мислење  на  надлежна здравствена комисија.

(3) Советот, врз основа на правосилна судска одлука,   со решение ќе утврди престанок на  функцијата  јавен  обвинител  поради  трајно  губење  на  способност  за  вршење  на функцијата.

Престанок на функцијата јавен обвинител поради исполнување на условите за   старосна пензија

Член 47

Советот донесува решение за престанок на функција јавен обвинител кога се исполнети
условите за стекнување на право за остварување на старосна пензија, определени со закон.

13 од 17

„Службен весник на РМ“ бр. 150 од 12.12.2007 година

Престанок на функцијата јавен обвинител поради
сторено кривично дело

Член 48

(1)  Советот  со  решение  ќе  утврди  престанок  на  функцијата  јавен  обвинител  кога
јавниот обвинител е осуден за сторено кривично дело на    казна затвор во траење од
најмалку шест месеца или на поблага казна за кривично дело кое го прави недостоен за
вршење на функцијата, по правосилноста на пресудата со која е изречена оваа казна.

(2) Првостепениот суд што ја донел одлуката, без одлагање, ќе достави до Советот примерок од пресудата.

Престанок на функцијата јавен обвинител поради избор или именување на друга
јавна функција

Член 49

(1)  Советот  со  решение  ќе  утврди  престанок  на  функцијата  јавен  обвинител,  кога јавниот обвинител е избран или именуван на друга јавна функција, освен во случај кога со закон е предвидено мирување на функцијата јавен обвинител со денот на изборот или именувањето.

(2) Органот кој го избрал или именувал јавниот обвинител на друга јавна функција е должен на Советот веднаш да му го достави актот за именување или избор.

Разрешување на јавен обвинител

Член 50

Советот врз основа на спроведена постапка за утврдување одговорност со решение ќе разреши јавен обвинител:

1) кога во дисциплинска постапка ќе се утврди дека сторил потешка дисциплинска повреда  која  го  прави  недостоен  за  вршење  на  функцијата  јавен  обвинител,     по правосилноста на одлуката и

2) поради нестручно и несовесно вршење на функцијата јавен обвинител, утврдено со закон.

Одлуки на Советот

Член 51

(1)  Како  второстепен  орган  Советот  одлучувајќи  по  жалба  може  одлуката  на Комисијата  за  утврдување  одговорност  на  јавен  обвинител  од  Законот  за  јавното обвинителство да ја укине, преиначи или потврди.

(2)  Кога ја потврдува одлуката на Комисијата од ставот  (1) на овој член со која е изречена мерка разрешување од функцијата јавен обвинител, Советот донесува посебно решение со кое се констатира престанок на функцијата.

(3) Одлуката за престанок на функцијата јавен обвинител и одлуката за разрешување од  функцијата  јавен  обвинител,  се  доставува  до  јавниот  обвинител  и  до  Јавното обвинителство на Република Македонија.

(4) Против одлуките на Советот од ставот (3) на овој член, јавниот обвинител има право да поведе управен спор пред надлежен суд.

14 од 17

„Службен весник на РМ“ бр. 150 од 12.12.2007 година

Времено оддалечување од   вршење на функцијата
јавен обвинител

Член 52

(1) Ако јавниот обвинител е оддалечен од функцијата, кога против него е поведена
кривична постапка, дисциплинска постапка или постапка заради нестручно и несовесно
вршење  на  функцијата  јавен  обвинител,  има  право  на  жалба  против     одлуката  за
оддалечување од функцијата до Советот во рок од три дена од денот на приемот на
одлуката.

(2) Советот одлучувајќи по жалбата може одлуката од ставот  (1) на овој член да ја потврди, укине или преиначи.

  1. СТРУЧНА СЛУЖБА НА СОВЕТОТ

Член 53

(1) Советот има Стручна служба.

(2) Со Стручната служба раководи секретар.

(3) Советот донесува акти за внатрешна организација и систематизација на работните места.

(4) При вработувањето во Стручната служба на Советот се обезбедува соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

Член 54

Кандидатот  за  секретар  покрај  општите  услови  за  засновање  на  работен  однос  во јавното  обвинителство,  треба  да  има  и  најмалку  четири  години  работен  стаж  по полагањето на правосудниот испит.

VII. СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

Член 55

Средствата за работа на Советот се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија.

Член 56

(1)  Платите  на  членовите  на  Советот,  секретарот  и  државните  службеници  се определуваат со закон.

(2) Членовите на Советот имаат право на плата и други надоместоци на плата како членовите на Судскиот совет на Република Македонија.

(3) Член на Советот кој нема сопствен стан во седиштето на Советот има право на користење на соодветен службен    стан.

(4) До остварувањето на правото од ставот  (3) на овој член, членот на Советот има право на надоместок за зголемени трошоци за неговото домување или на надоместок на реални патни трошоци.

VIII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 57

(1)  Постапката  за  избор  на  членови  на  Советот  од  редот  на  јавните  обвинители, Министерството  за  правда  е  должно  да  ја  започне  во  рок  од  30  дена  од  денот  на влегувањето во сила на овој закон.

15 од 17

„Службен весник на РМ“ бр. 150 од 12.12.2007 година

(2) Првиот избор за членови на Советот од редот на јавните обвинители ќе го спроведе Комисија назначена од министерот за правда.

(3) Комисијата од ставот (2) на овој член е составена од седум члена. Четири члена на Комисијата  се  од  Министерството  за  правда,  а  три члена  од  јавните  обвинители  или замениците јавни обвинители определени од јавниот обвинител на Република Македонија врз основа на нивна писмена согласност.

(4) Од членовите на Комисијата се избира претседател.

(5) Административно-техничките работи ги врши секретарот на Комисијата определен од министерот за правда.

(6) Комисијата од ставот (2) на овој член во спроведувањето на првиот избор ги има надлежностите на Советот и комисиите од членовите 18 и 19 на овој закон.

(7) Изборот за член на Советот од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Гостивар врз основа на изготвена листа на кандидати за ова подрачје се врши од основните јавни обвинителства  Гостивар,  Тетово,  Кичево  и  Дебар,  а    со  посебно  изборно  место  во Основното јавно обвинителство Гостивар.

(8) При првиот избор за членови на Советот јавните обвинители и замениците јавни обвинители  не  треба да  ги доставуваат  податоците  предвидени во  членот  17 став  (2) алинеја 4 од овој закон.

(9) На огласот за избор на член на првиот Совет може да се јави секој заменик јавен обвинител на кој не му е изминат мандатот за кој е именуван.

(10) На заменик јавен обвинител именуван согласно со Законот за јавното обвинителство (“Службен весник на Република Македонија“ број 80/92, 19/93, 9/94 и 9/96) и избран за член на Советот функцијата заменик јавен обвинител му мирува. По истекот на мандатот за член на Советот, заменикот јавен обвинител продолжува да ја врши функцијата јавен обвинител во јавното обвинителство од кое бил избран до истекот на мандатот.

(11) На виш или основен јавен обвинител му престанува функцијата ако биде избран за

член на Советот. По истекот на мандатот за член на Советот, вишиот или основниот јавен обвинител продолжува да ја врши функцијата јавен обвинител во јавното обвинителство од кое бил избран до истекот на мандатот.

(12) Под потребниот стаж за јавен обвинител утврден како посебен услов за избор за член на Советот согласно со членовите 16 и 17 од овој закон, се смета и стажот стекнат како заменик јавен обвинител или судија.

(13) Конститутивната седница на првиот Совет избран согласно со овој член ја свикува и со неа раководи министерот за правда, до избор на претседател на Советот.

Член 58

(1)  Во  рок  од  60  дена  од  денот  на  конституирањето, Советот  е  должен  да  донесе Деловник за работа на Советот, Одлука за определување на бројот на јавните обвинители во јавните обвинителства и други акти утврдени со овој закон.

(2) Во рок од 30 дена од рокот утврден во ставот (1) на овој член, Советот е должен да објави оглас за избор на јавни обвинители на кои им изминал мандатот.

Член 59

Правилникот  за  формата  и  содржината  на  образецот  на  уверението,  министерот  за правда ќе го донесе во рок од 30 дена од конститутивната седница на Советот.

Член 60

Со денот на примената на овој закон, им престанува мандатот на членовите на Советот
на  јавни  обвинители  именувани  согласно  со  членот 36  од  Законот  за  јавното

обвинителство (“Службен весник на Република Македонија” број 38/2004).

16 од 17

„Службен весник на РМ“ бр. 150 од 12.12.2007 година

Член 61

Министерството  за  правда  ќе  обезбеди  просторни  услови  за  функционирање  на Советот.

Член 62

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“.