Членови на Советот

Душица Димитриеска

Родена на 30.05.1967 година во Гостивар.

Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1990 година.

Правосуден испит положила во 1994 година.

Од 1991 до 1994 била вработена како приправник во Основниот суд во Гостивар.

Од 1994 до 2003 година била на работно место стручен соработник во Основен суд во Гостивар.

На 10.04.2003 година била именувана за Заменик Јавен обвинител во Основното Јавно обвинителство во Гостивар.

На 14.07.2022 година избрана е за Вршител на должност Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Гостивар.

На 23.12.2022 избрана е за Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Гостивар.

На ден 10.01.2023 година е избрана за член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Од 01.10.2023 година ја извршува функцијата Претседател на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Иџет Мемети

Роден е на 08.01.1961 година во село Раковец – Тетово, Република Северна Македонија, етничка припадност Албанец.

  • 1986 – дипломирал на Правниот факултет во Приштина.
  • 1987 – професионалното искуство го започнал како секретар во Основно училиште во село Требош – Тетово. Подоцна бил избран за заменик – секретар на Владата на Република Македонија.
  • 1995 – ја извршувал функцијата секретар во Владата на Република Македонија.
  • 1998 – повторно бил избран за заменик – секретар на Владата на Република Македонија.
  • 1999 – номиниран за републички советник.
  • Во 2000 година, положил правосуден испит.
  • 2000 – работел како државен советник во Владата на Република Македонија.
  • 2001 – бил избран за министер за правда на Република Македонија.
  • 2002-повторно бил номиниран за државен советник во Владата на Република Македонија.
  • мај 2003 – бил избран за судија во Уставниот суд на Република Македонија.
  • ноември 2003 – повторно бил избран за министер за правда на Република Македонија.
  • Бил член на Државната комисија за избирачки списоци во Собранието на Република Македонија, член на Координативното тело на Владата на Република Македонија за справување со кризата во 2001 година, како и член на Правниот совет на Владата на Република Македонија.
  • Во декември 2004 година е избран за народен правобранител на Република Македонија.
  • Член е на Комисијата за изработка на Граѓанскиот законик на Република Македонија.
  • Член е на Комисијата за полагање на правосуден испит.
  • септември 2012 година е одликуван со орден „Офицер на националниот ред за заслуги“ од страна на претседателот на Франција Франсоа Оланд.
  • ноември 2012 година е одликуван со „Орден за граѓански заслуги“ од страна на кралот на Шпанија Хуан Карлос Први.
  • Во декември 2012 година е реизбран за народен правобранител на Република Македонија.
  • Во декември 2020 година е избран за член на Соиветот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.
  • Oбјавени меѓународни и домашни публикации:

„Можниот придонес на омбудсманот во превенција и избегнување на религиозните, етничките и социјалните конфликти“, „Ромите – европско прашање“, „Пристап до информациите и што може омбудсманот да стори“, “Омбудсманот во мулти-културните општества”, „Улогата на Омбудсманот во борба за превенција и заштита од дискриминација“, „Улогата на Националниот превентивен механизам во општеството – една година од воспоставувањето на Националниот превентивен механизам во Република Македонија“, „11 години по потпишувањето на Рамковниот договор“, „Национални институции за човекови права“ и други.

На 01.10.2023 година е избран за Заменик Претседател на Советот на jавните oбвинители на Република Северна Македонија.

Љупчо Коцевски

Јавен обвинител на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија

Зорица Павловиќ

Родена на 18.12.1965 година во Скопје.
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1989 година.
Правосуден испит положила во 1991 година.
Од 1989 до 1992 година волонтер во Општинско јавно обвинителство Скопје а од 1992 година стручен соработник во Општинско јавно обвинителство Скопје а од 1992 година стручен соработник.
Од 2000 до 2003 година работи како стручен соработник во Окружното јавно обвинителство Скопје.
на 10.04.2003 година е избрана за Заменик Јавен Обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, каде работи на кривични предмети и ментор и кординатор нса четири генерации на слушатели во Академијта за судии и јавни обвинители Павел Шатев Скопје.
Од 01.3.2024 година е избрана за член на Советот на jавни oбвинители на Република Северна Македонија.

Јелена Догазанска Колева

Родена е на 22.05.1978 година во Скопје.
Дипломирала на Правниот факултет при Универзитет Кирил и Методиј во Скопје на 28.02.2001 година.
Правосуден испит положила на 12.12.2003 година.
Во 2009 година ја завршила обуката од Академијата за судии и обвинители.
На 07.09.2009 година е избрана за јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Штип.
На 15.12.2023 година е избрана за член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

KAT_2094

Арбер Исаку

Правосуден испит положил во 2010 година.
Професионално искуство:
На 01.05. 2016 година е избран член на Советот на jавните oбвинители на Република Македонија.
На 23.09.2020 година е избран за Заменик Претседател на Советот на jавните oбвинители на Република Северна Македонија во втор мандат.
На 01.10.2021 година е избран за Заменик Претседател на Советот на jавните oбвинители на Република Северна Македонија

Башким Бесими

Роден на 27.05.1966 година, во Тетово.

Образование:
Март, 2011 – Магистарски труд во наслов ФУНКСИОНИРАЊЕ НА СУДСКИОТ СИСТЕМ ВО Р. С. МАКЕДОНИЈА, се здоби со стручно звање М-р од областа на комперативната јавна администарција на Европска Унија, Универзитет на Југоисточна Европа, Тетово, Македонија.
Дипломирал на Правниот факултет во Приштина во1991 година.
Правосуден испит положил во 2001 година.

Професиоанлно искуство:
Во 1991 година се вработил во МВР-СВР Тетово.
Од 1998 година, Помошник началник на ОВР Гостивар.
Од 1999 година Началник на Крим Полиција во СВР Тетово.
Во 2001 година, Адвокат со седиште во Тетово.
Во 2008 година, е избран Јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Гостивар.
Во 2009 година, е избран Член на Судскиот совет на Република Северна Македонија по предлог на Претседателот на Република Северна Македонија а избран од страна на Собранието на Република Северна Македонија.
Во 2014 година, е избран Јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Од 03.04.2024 година, ја извршува функцијата Член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

KAT_4306c

Антонио Јолевски

Роден на 03.12.1963 година, во Битола.
Гимназија завршил во 1982 во Битола. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во1989 година.
Правосуден испит положил во 1993 година.
Во 1983 година се вработил во Окружен суд Битола, каде бил приправник и раководител на писарницата. Од 1996 распореден во Апелациониот суд Битола како стручен соработник и судски советник, а од 2002 година како раководител на сектор – секретар на судот.
Во 2003 година е избран за заменик Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Битола.
Во 2012 година е избран за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола. Од 2018 како јавен обвинител во ОЈО Битола.
Во 2020 година е избран Член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.
Од 01.10.2021 година ја извршува функцијата Претседател на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Ермон Незири

Роден на 26.11.1975 година во Скопје.
Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1999 година.
Од 1998-2005 бил вработен во невладин сектор.
Од 2005-2007 година бил вработен како стручен соработник во Основен Кривичен суд-Скопје.
Од 2007-2009 година Академија за судии и јавни обвинители.
Од 2009-2021 година работи како Јавен обвинител во Основното Јавно обвинителство-Скопје на предмети од повеќе одделенија: Финансиски криминал, имотен криминал и предмети од областа на злоупотреба на службената положба и овластување, меѓународна соработка во кривична материја, раководител на одделение на РО и КОН и обвинител задолжен за прием и дистрибуција на пошта во Основно Јавно обвинителство-Скопје. Организирање и координирање на работата на Основното Јавно обвинителство-Скопје, од позиција заменик на Основниот Јавен обвинител на Основното Јавно обвинителство-Скопје.
На ден 10.05.2023 година е избран за член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.

Кети Петкова

Родена во: Гевгелија на 18.08.1962 година
Гимназија завршена во 1981 година во Гевгелија.

Дипломира на Правниот факултет при Универзитетот „ Св.Кирил и Методиј во Скопје “ отсек правосудна насока на 25.11.1992 година.
Прво вработување во Општинскиот суд Гевгелија како приправник на 01.05.1994 година.
Правосудниот испит положува на 31.10.1995 година, по што продолжува да работи во Општински суд Гевгелија како стручен соработник до 31.04.1996 година .
На 01.05.1996 година се запишува како адвокат во Именикот на адвокатите при Адвокатска комора на РМ как под реден број 953.
Со Одлука на Собранието на Република Македонија од 10.04.2003 година е именувана за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Гевгелија со мандат од 6 години.
По престанувањето на оваа функција, повторно сметано од 22.07.2010 година продолжува со вршењето на адвокатската дејност .
Во учебната 2014/2015 година се запишува на постипломски студии насока казнено право на Универзитетот „ Св.Кирил и Методиј во Скопје,, а по положувањето на сите испити предвидени во студискката програма, на 06.07.2017 година го одбранува магистерскиот труд на тема „Прекршочната vis-à-vis казнената одговорност ”, со што се стекнува со назив Магистар по право од областа на казненото право .

Како адвокат и како јавен обвинител била учесник на повеќе едукативни работилници во функција на континуирана едукација повеќето во областа на кривичното право , а била и на два студиски престои во странство и тоа : во САД во 2006 година и во Италија во 2005 година .
За член на Советот на јавни обвинители е избранана од Собранието н РСМ на 26.07.2023 година .

Светлана Жупаноска

Родена на 09.12.1978 година, во Скопје.

Дипломирала на Правниот Факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје во 2002 година.
Правосуден испит положила во 2004 година.

Во период 2002-2004 година работела во Основниот суд Скопје II – Скопје, како судски приправник.
Во 2005 година се вработила во Основниот суд Скопје II – Скопје како стручен соработник.

Во 2016 година е преземена во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, како виш јавнобвинителски советник.

Во 2020 година била вратена на работа во Основниот граѓански суд Скопје, како судски соработник.

Во 2023 година е вработена како раководител на оддел во Основниот граѓански суд Скопје.

Во јули 2023 година е избрана за член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија од страна на Собранието на РСМ.

Претседатели

Елена Гошева 2008-2010
Костадин Кизов 2010-2014
Петар Аневски 2014-2017
Коле Штерјев 2017-2019
Ацо Колевски 2019-2021
Антонио Јолевски 2021-2023

Членови

Елена Гошева
М-р Фаик Арслани
Костадин Кизов
Коста Петровски
Проф. Д-р Зоран Сулеманов
Д-р Тодор Витларов
Кире Секуловски
Момир Маричиќ
Миле Мојсовски
Олгица Јорданова
Драгољуб Цакиќ
Дашмир Саити
Мираљем Асани
Ангеле Илиевски
Сашо Василевски
Насер Ајдари
Никола Ивановски
Дилавер Бектеши
Петар Аневски
Деса Пауновска
Меџит Јусуфи
Ацо Колевски
Ангел Солев
Љупчо Ивановски
Фаик Арслани
Коле Штерјев
Јасна Жежова
Фиданка Рајевска
Влатко Георгиевски