Надлежност

Советот е надлежен да:
  • дава мислење на Владата на Република Македонија по предлогот за именување и разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија,
  • ги избира и разрешува јавните обвинители,
  • утврдува престанок на функцијата јавен обвинител и одлучува во втор степен во постапка за утврдување на дисциплинската одговорност на јавните обвинители,
  • одлучува за утврдување на нестручно и несовесно вршење на функцијата јавен обвинител,
  • ја следи работата на јавните обвинители врз основа на оцената за нивната работа согласно со Законот за јавното обвинителство,
  • одлучува за привремено оддалечување од функцијата јавен обвинител,
  • постапува по претставки и поплаки на граѓани и правни лица за работата на јавните обвинители,
  • го определува бројот на јавните обвинители во јавните обвинителства со одлука,
  • до крајот на февруари во тековната година, со одлука го утврдува бројот на слободните јавнообвинителски места во основните јавни обвинителства за наредните две години и одлуката да ја доставува до Академијата за обука на судии и обвинители,
  • ги разгледува и оценува годишните извештаи на јавните обвинителства, - донесува Деловник за работа,
  • донесува решение за мирување на функцијата јавен обвинител,
  • издава и да одзема службени легитимации на јавните обвинители, - води персонален лист за јавните обвинители,
  • поднесува извештај за својата работа,
  • дава мислења по закони од областа на делокругот на работата на Советот,
  • дава мислења по програмите на Академијата за обука на судии и јавни обвинители,
  • објави оглас и спроведува постапка за избор на јавен обвинител за времено упатување во друго јавно обвинителство и врши и други работи утврдени со закон