На денешната осумдесетта седница на Советот на јавните обвинители беа донесени следниве одлуки:
– За Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Штип е избрана Татјана Кацарова;
– За Jавен обвинител во Основното јавно обвинителство Битола се избрани Борче Коруновски и Марија Чурлиновска;
– За Jавен обвинител во Основното јавно обвинителство Велес е избрана Александра Станковска;
– За Jавен обвинител во Основното јавно обвинителство Гостивар се избрани: Илир Јакупи, Барлет Џафери и Александра Димоска;
– За Jавен обвинител во Основното јавно обвинителство Дебар е избрана Анита Граждани Пачуку;
– За Jавен обвинител во Основното јавно обвинителство Делчево е избрана Сузана Бошнаковска;
– За Jавен обвинител во Основното јавно обвинителство Кичево се избрани Албулена Абази и Емрах Михтароски;
– За Jавен обвинител во Основното јавно обвинителство Куманово е избран Самир Акифи;
– За Jавен обвинител во Основното јавно обвинителство Охрид е избрана Кристина Илиеска Атанасова;
– За Jавен обвинител во Основното јавно обвинителство Прилеп е избран Стевчо Биновски;
– За Jавен обвинител во Основното јавно обвинителство Свети Николе е избран Дарко Цветановски;
– За Jавен обвинител во Основното јавно обвинителство Струга е избрана Ермира Муса-Нура;
– За Jавен обвинител во Основното јавно обвинителство Тетово се избрани: Илир Абдурахмани, Нина Димитриеска и Јетмир Беџети.
Функцијата Јавен обвинител во Основните јавни обвинителства избраните кандидати ќе ја извршуваат од 01.06.2023 година.