Соопштение – Категорија 1

Советот на јавните обвинители на Република Македонија на одржаната 44-та седница на ден 20.06.2018 година изврши избор на јавни обвинители и тоа:

– Виш јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип – Тодор Витларов

– Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Скопје – Сашо Рајчев

– Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Куманово – Теута Бедиу Рамадани

– Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Охрид – Зоран Митревски

– Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Дебар – Неат Црој

– Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Кичево – Манка Јаневска

– Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Кочани – Борче Јанев

– Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Гостивар – Башким Хисени

– Основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Ресен – Реџаил Шерифовски

За Вршител на должност јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Велес е избрана Гордана Тодорова – јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Велес.

За Вршител на должност јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Струга е избрана Стојанчо Арнаудоски – јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Охрид.

За Вршител на должност јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола е избрана Лиле Талевска – јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Битола.

На ден 22.06.2018 година избраните Јавни обвинители ќе дадат Свечена изјава во просториите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија со почеток во 11:00 часот.