Соопштение

Одлука

за свикување на четириесет и седма седница на Советот  на јавните обвинители на РСМ, на ден 28.02.2022 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот.

 

За седницата го предлагам следниот:

      Дневен ред

 

1. Донесување на одлука за престанок на функција јавен обвинител на јавниот обвинител Бранко Тричковски поради исполнување на услови за старосна пензија,

2. Донесување на одлука по поднесените приговори против одлуките за оценување донесени од страна на Основниот јавен обвинител на ОЈО ГОКК-Скопје,

3. Разгледување на изјавата на Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, г-ѓа Вилма Рускоска во врска со огласот за избор на јавни обвинители во ОЈО ГОКК,

4. Донесување на одлука за утврдување на бројот на слободни јавнообвинителски места во основните јавни обвинителства за наредните две години,

5. Донесување на одлука по жалба на јавен обвинител СОЖ бр.2/22,

6. Разгледување на меморандум за соработка помеѓу Советот на јавните обвинители на РСМ и Здружението за граѓани и институт за човекови права – Скопје