Сооштение

На ден 27.09.2023 година, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија ја одржа 85 -та седница на Советот. На истата беше констатиран престанок на мандат претседател на Советот поради истекот на времето за кое е избран г-дин Антонио Јолевски заклучно со 30.09.2023 година. Воедно се спроведе избор на нов претседател на кое што едногласно за претседател беше избрана г-ѓа Душица Димитриеска-јавен обвинител која е член на Советот од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Гостивар, а за заменик претседател на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија беше избран г-дин Иџет Мемети.