Соопштение

Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија на ден 29.05.2019 година ја одржа редовната 67 седница со следниот дневен ред.

  1. Усвијување на записникот од 66 (шеесет и шестата) седница на Советот
  2. Разгледување и усвојување на Годишните извештај на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија
  3. Донесување на одлука за распишување на оглас за избор на Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство: Крива Паланка, Берово, Струга, Струмица и Ресен.
  4. Разно

Под точката 1 (еден) од дневниот ред  од страна на членовите на Советот, едногласно беше усвоен записникот од 66 (шеесет и шестата) седница.

Под точката 2 (два) од дневниот ред од страна на членот на Советот г-ѓа Јасна Жежова беше презентиран Годипниот извештај на Советот. Од страна на членовите на Советеот истиот беше рагледен и усвоен.

Под точка 3 (три) од дневниот ред од Советот на јабвните обвинители на Севрена Македонија донесе одлука за распишување на оглас за избор на јавни обвинители и тоа:

Основен јавне обвинител на Основното јавно обвинителство Крива Паланка

Основен јавне обвинител на Основното јавно обвинителство Струга

Основен јавне обвинител на Основното јавно обвинителство Берово

Основен јавне обвинител на Основното јавно обвинителство Струмица

Основен јавне обвинител на Основното јавно обвинителство Ресен.