Правилник за системати- зација

Врз основа на член 53 став (3) од Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 150/07), Советот на јавните обвинители на Република Македонија, на седицата одржана на 28.09.2010 година, го донесе

ПРАВИЛНИК
за внатрешна организација и систематизација на работните места во стручната служба на Советот на јавните обвинители на Република Македонија

I.ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

член 1

Со Правилникот за внатрешната организација и систематизација на работните места во Стручната служба на Советот на јавните обвинители на Република Македонија (во понатамошниот текст: Правилник), се утврдуваат организациските облици, систематизацијата и описот на работните места по организациски облици, бројот на извршителите по работни места и раководењето и остварувањето на правата и обврските на вработените во вршењето на работата.

член 2

Организацијата на Стручната служба на Советот на јавните обвинители на Република Македонија (во понатамошниот текст: Стручна служба), се утврдува на начин што обезбедува ефикасно и рационално вршење на работите од неговиот делокруг.

член 3

Работите кои што се извршуваат во Стручната служба се групираат според видот, обемот, сродноста, степенот на сложеност, меѓусебната поврзаност, видот и степенот на потребната стручна подготовка и условите потребни за нивно извршување.

член 4

Стручната служба функционира како единствена служба.

Единственото функционирање на Стручната служба се остварува со меѓусебна соработка на организационите облици и со усогласување на нивната работа.

член 5

Работните места во Стручната служба се утврдуваат врз основа на видот, сродноста и поврзаноста на работните должности.

Звањата за одделните работни места во Стручната служба се определуваат врз основа на обемот, тежината и сложеноста на работните должности, во согласност со Законот за државните службеници и Уредбата за описот на звањата на државните службеници.

член 6

Работните места утврдени со овој правилник се основа за вработување и за распоредување на државните службеници.

Вработените што вршат работни задачи на работните места Возач – Доставувач и Хегиеничар, немаат статус на државни службеници и за нив важат опиштите прописи за работни односи.

член 7

Табеларниот преглед на работните места е составен дел на овој Правилник.

II.ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТРУЧНАТА СЛУЖБА

член 8

Заради ефикасно вршење на работите и задачите од делокругот на Стручната служба, согласно со видот, обемот и степенот на нивната сложеност, како и меѓусебна поврзаност и сродност, во Стручната служба се образуваат следниве организациски единици:

1.Одделение за правни и административно-општи работи и

2.Одделение за управување со човечки ресурси.

III.РАКОВОДЕЊЕ СО СЛУЖБАТА

член 9

Генералниот секретар раководи со Стручната служба, ја организира и усогласува работата и се грижи за единствено функционирање и унапредување на организацијата на Стручната служба.

Генералниот секретар донесува упатства и други акти за работа на Стручната служба.

член 10

Генералниот секретар има права и должности за единственото функционирање на Стручната служба, засновањето и престанокот на работниот однос и остварувањето на правата, обврските и одговорностите од работниот однос на вработените во Стручната служба.

Генералниот секретар подготвува стратешки анализи за потребите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, воспоставува и одржува комуникација со  претставници на домашни органи и организации, меѓународни организации и дипломатски претставништва во функција на остварување на уставните и законските надлежности на Советот на јавните обвинители на Република Македонија и му помага во реализацијата на неговата програма..

IV.ДЕЛОКРУГ НА РАБОТА НА ОРГАНИЗАЦИОНИТЕ ОБЛИЦИ

член 11

1.Одделение за правни и административн-општи работи:

  • ја следи законската регулатива и нејзината примена;
  • обезбедува правна, административна и стручна помош, како и поддршка за вршење на најсложените нормативни, правни, административни и општи работи кои овозможуваат функционирање на Стручната служба;
  • подготовува концепција за унапредување на внатрешната организација;
  • подготвува упатства и други акти што ги донесува генералниот секретар;
  • дава аналитички, советодавни и стручни мислења;
  • обезбедува компаративни прегледи и анализи во врска со одредени законски решенија.
  • врши архивско работење;
  • прием на документарен материјал во писарница и негово разнесување до другите организациски единица;
  • доставување на документарен материјал од Стручната служба до државните органи и до другите субјекти;
  • преведување, комуникација со јавност;
  • превоз со автомобили за службени потреби на Стручната служба;
  • секретарски работи;
  • умножување и печатење на документација;
  • одржување на хигиена.
  • книговодствено-сметководствени и благајнички работи;
  • евиденција на личните картони за плати и за надоместоци на плати
  • планирање, развој и воведување на информатички систем;

член 12

2.Одделение за управување со човечки ресурси:

  • помага во развојот на организациската култура во Стручната служба;
  • развива политики за управување со човечките ресурси во Стручната служба;
  • развива политики за промоција на високот ниво на етика и мотивација;
  • развива политики поврзани со спроведувањето на системот на оценување на државните службеници и го следи спроведувањето на системот;
  • помага во спроведувањето на внатрешниот систем за обука на вработените кој ќе одговори на потребите од обука во Стручната служба;
  • ги подготвува нацртите на правилниците за внатрешна организација и за систематизација на работните места во Стручната служба;
  • изработува аналитички извештаи и дава препораки за прашања поврзани со привлекувањето и задржувањето на високо квалификувани кадри, вработувањето, хоризонталната мобилност и престанокот на вработувањето на државните службеници;
  • подготвува акти врзани со вработувањето и следењето на движењето во државната служба;
  • развива содржини поврзани со управувањето со човечки ресурси, кои се дел од интранет и интернет страницата на Стручната служба и се грижи за нивно одржување;
  • ги води личните досиеа и ги одржува базите на податоци за државните службеници и доставува известувања за настанатите промени, во Регистарот на државни службеници;
  • подготвува квартални и годишни извештаи за управувањето со човечките ресурси во Стручната служба ;

V.СИСТЕМАТИЗАЦИЈА И ОПИС НА РАБОТНИТЕ МЕСТА ПО ОРГАНИЗАЦИОНИ ЕДИНИЦИ

член 13

За извршување на работните должности во Стручната служба се утврдуваат вкупно 13 работни места по реден број и со опис на работното место:

  • Назив на работното место/Звање: Генерален секретар

Одговара пред:  Советот на јавните обвинители

Цел на работното место:

  • Oрганизирањe, координирањe, насочување на извршувањето на работите и задачите на стручната служба, давање упатства за работа на другите раководни државни службеници и следење на спроведувањето на одлуките, заклучоците, насоките и упатствата на Советот.

Главни работни должности:

  • го организира, координира, обединува и насочува извршувањето на работите и задачите на Стручната служба на Советот на јавните обвинители и се грижи за нивно законско, ефикасно, навремено и квалитетно извршување;
  • му помага на претседателот на Советот во вршење на работата,
  • помага на претседателот на Советот во подготвувањето и организирањето на седниците,
  • учествува во работата на Советот и дава појаснувања по прашања и постапки што се водат пред Советот ;
  • организира вршење административни работи во Советот,
  • ги следи прописите за статусот на државните службеници и за секоја промена го известува претседателот на Советот,
  • одржува контакти на соодветно ниво со домашни, странски и меѓународни организации;
  • свикува и раководи со работните состаноци на Стручната служба;
  • дава упатства за работа на државните службеници и вработените во Советот кои не се со статус државни службеници
  • ги следи и се грижи за спроведување на одлуките, заклучоците и упатствата кои ги донесува Советот,
  • прима странки по овластување на претседателот на Советот и го известува за нивните барања,
  • го води ажурирањето на евидентните листови за оценка на работата на јавните обвинители,
  • врши и други работи и задачи по налог на Претседателот на Советот и за својата работа одговара пред Советот на јавните обвинители на Република Македонија.

Посебни услови потребни:

  • Работно искуство во струката: најмалку 3 години во раководното звање во државната служба или најмалку 3 години во раководно работно место во јавна администрација со положен испит за раководен државен службеник;
  • Степен на образование: VII/1 степен или стекнати 300 кредити според ЕКТС
  • Вид на образование: правни науки
  • Странски јазици: активно познавање на англиски јазик;
  • Вештини: положен правосуден испит; работа со компјутер;
  • Лични способности: раководни способности; комуникативност; лојалност; чесност; иницијативност; доверливост; способност за тимска работа; способност за решавање на конфликти;

1.Оделение за правни и административно-општи  работи

2)Назив на работното место: Раководител на одделение за правни и административно-општи работи

Звање: Раководител на одделение

Број на извршители: 1

Одговорен пред: Генералниот секретар

Цел на работното место:

  • Развивање и обединување на политиките, во рамките на делокругот на одделението, координирање и спроведување на таквите политики преку контрола врз програмите за работа.

Работни должности:

  • раководи, ја организира, насочува и координира работата во Одделението;
  • ги распоредува работите и задачите на вработените во Одделението;
  • пренесува инструкции и ги спроведува дадените насоки и дава упатства за извршување на работите и задачите;
  • врши непосредна контрола и надзор над вршењето на работите и задачите од страна на вработените Одделението; учествува во подготовка на актите во врска со организацијата и фунакционирањето на Советот.
  • се грижи за остварувањето на правата од работен однос на вработените;
  • остварува редовни контакти со другите раководители на одделенија и разменува информации;
  • ги оценува државните службеници во Одделението;
  • врши други работи што ќе му ги довери Генералниот секретар.

Посебни услови потребни:

  • Работно искуство во струката: најмалку 4 години работно искуство во струката, од кои 1 во државната служба;
  • Степен на образование: VII/1 степен или стекнати 300 кредити според ЕКТС
  • Вид на образование: правни науки
  • Странски јазици: активно познавање на англиски јазик;
  • Вештини: положен правосуден испит; работа со компјутер;
  • Лични способности: раководни и организациски способности; комуникативност; лојалност; чесност, иницијативност и доверливост; способност за тимска работа; способност за решавање на конфликти;

 

 

 

3)Назив на работното место:Финансиски прашања

Звање: Советник

Број на извршители: 1

Одговорен пред: Раководител на одделение

Цел на работното место:

  • Спроведување на функции од делокруг на одделението и самостојно извршување на најсложени работи и задачи кои се однесуваат на финансиски прашања.

Главни работни должности:

  • ги следи прописите од областа на материјалното и финансиското работење и за секоја промена го известува Генералниот секретар
  • подготвува предлог за обезбедување на финансиски средства од Буџетот
  • подготвува предлог план за користење на средствата од Буџетот
  • врши сметководствени и благајнички работи за потребите на Советот
  • изготвува завршна сметка на Советот на јавните обвинители
  • врши и други работи и задачи кои ќе му ги довери раководителот на одделението.

Посебни услови потребни:

  • Работно искуство во струката: најмалку 3 години работно искуство во струката;
  • Степен на образование: VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС
  • Вид на образование: економски науки
  • Странски јазици: активно познавање на англиски јазик;
  • Вештини: работа со компјутер;
  • Лични способности: комуникативност; лојалност; чесност; способност за тимска работа;

4)Назив на работното место: Односи со јавноста

Звање: Советник

Број на извршители: 1

Одговорен пред: Раководител на одделение

Цел на работното место:

  • Спроведување на функции од делокруг на одделението и самостојно извршување на најсложени работи и задачи кои се однесуваат на прашањата од областа на односите со јавноста.

Главни работни должности

  • координира со работите на Советот кои се однесуваат на негово претставување во јавноста
  • се грижи и ги координира истражувањата на јавното мислење за работата на Советот
  • остварува редовни контакти со членовите на Советот и разменува информации за текот на работата на Советот
  • подготвува соопштенија за јавноста во врска со работата на Советот
  • договара и ги координира контактите со средствата за јавно информирање
  • организира прес-конференции, брифинзи, кампањи
  • организира средби и контакти меѓу членовите на Советот и медиумите
  • подготвува говори и пригодни обраќања за членовите на Советот
  • подготвува клипинг од дневните и другите печатени изданија;
  • води евиденција на примени информации, периодични извешатаи и стручни списанија;
  • ја одржува и ажурира веб локацијата на Советот
  • врши и други работи кои ќе му ги довери раководителот на одделението

Посебни услови потребни:

  • Работно искуство во струката: најмалку 3 години работно искуство во струката;
  • Степен на образование: VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС
  • Вид на образование: општествени науки
  • Странски јазици: активно познавање на англиски јазик;
  • Вештини: работа со компјутер;
  • Лични способности: комуникативност; лојалност; чесност; иницијативност; способност за тимска работа;

5)Назив на работното место: Правни работи

Звање: Виш соработник

Број на извршители: 1

Одговорен пред: Раководител на одделение

Цел на работното место:

  • Учествува во изработка на подзаконските акти и упатства на Советот на јавни обвинители и изготвува мислења за примена за јавнообвинителската легислативата.

Работни должности:

  • континуирано ги следи законите и другите прописи во врска со уредувањето на прашања од областа во која што работи;
  • стручно обработува прашања за примената на законските одредби;
  • учествува во подготвувањето на анализи за предмети и реферира пред членовите на Советот;
  • учествува во изготвување на анализи, информации и други материјали за следење на практиката по предмети по кои постапува Советот;
  • ја следи примената на меѓународните договори кои РМ ги ратификувала;
  • учествува на советувања, семинари и други видови стручно усовршување
  • извршува нормативно, правни и стручно-аналитички работи според упатставата на раководителот на одделението;
  • подготвува белешки од одржани состаноци, информации и потсетници за тековните активности;
  • врши други работи и задачи кои ќе му ги довери раководителот на одделението;

Посебни услови потребни:

  • Работно искуство во струката: најмалку 2 години работно искуство во струката;
  • Степен на образование: VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС
  • Вид на образование: правни науки
  • Странски јазици: активно познавање на англиски јазик;
  • Вештини: положен правосуден испит, работа со компјутер;
  • Лични способности: комуникативност; лојалност; чесност; иницијативност; способност за тимска работа;

6)Назив на работното место: Технички секретар на Претседателот на Советот

Звање: Самостоен референт

Број на извршители: 1

Одговорен пред: Раководител на одделение

Цел на работното место:

  • Административно-техничка поддршка на работењето на Председателот на Советот.

Главни работни должности

  • ги води тековните работи на Претседателот на Советот;
  • се грижи за задолженијата на Претседателот пред државните органи, нивните работни тела како и кај други органи, организации и заедници;
  • ги подготвува и организира состаноците на Претседателот и помага во подготвувањето на седниците на Советот;
  • го води деловниот протокол – Уписник , „ДОВ“ и СЛ.Ев „Евидентна книга за службени легитимации“, ја обезбедува документацијата по тие уписници, ја предава на Претседателот, завршените предмети ги архивира;
  • подготвува доверливи документи;
  • ги упатува лицата што бараат прием кај Претседателот;
  • прима пораки и врши телефонски разговори за потребите на Претседателот;
  • ја прима, средува и испраќа поштата на Претседателот, вклучително информативни и аналитички материјали, извештаи и билтени на адресарите;
  • обезбедува и умножува материјали, прима податоци и друг документационен материјал;
  • се грижи за снабдување со канцелариски и друг материјал;
  • врши други работи што ќе му ги доверат раководителот на одделението и Претседателот.

Посебни услови потребни:

  • Работно искуство во струката: најмалку 3 години работно искуство во струката;
  • Степен на образование: VI-степен вишо или IV степен – средно образование;
  • Вид на образование: средно образование
  • Странски јазици: активно познавање на англиски јазик;
  • Вештини: работа со компјутер;
  • Лични способности: доверливост; комуникативност; лојалност; чесност;

7)Назив на работното место: Уписничар

Звање: Самостоен референт

Број на извршители: 1

Одговорен пред: Раководител на одделение

Цел на работното место:

  • Спроведување на сложени административни работи и задачи кои се однесуваат на водење на уписници.

Главни работни должности:

  • води соодветни уписници А,РО, СОИ,СОР, СОЖ,СПЛ,СОД, регистри и други помошни книги
  • оформува предмети по папки
  • заведува предмети во интерни доставни книги, ги предава предметите на членовите на Советот, задолжува и раздолжува со истите, ги опслужува членовите на Советот.
  • ги разведува предметите и ги средува на соодветно место
  • става соодветни архивски знаци за чување на архивата.
  • архивира и експедира предмети, вади податоци за месечни, шестомесечни и годишни извештаи
  • врши и други работи и задачи по налог на раководителот на одделение.

Посебни услови потребни:

  • Работно искуство во струката: најмалку 3 години работно искуство во струката;
  • Степен на образование: VI степен вишо или IV степен -средно образование;
  • Вид на образование: средно образование
  • Странски јазици: ///
  • Вештини: работа со компјутер;
  • Лични способности: доверливост; комуникативност; лојалност; чесност;

8)Назив на работното место: Технички секретар

Звање: Самостоен референт

Број на извршители: 1

Одговорен пред: Раководител на одделение

Цел на работното место:

  • Административно-техничка поддршка на работењето на Советот

Главни работни должности:

  • собира и средува документи и податоци;
  • врши административни работи за тековните проблеми на Советот на јавните обвинители;
  • ги опслужува членовите на Советотда отчукува текстови на компјутер по сите предмети кои се во работа на Советот, годишни извештаи, повремени билтени, анализи, и информации, правење на препис и попис на списи, врши и други дактилографско-технички работи;
  • уредно го одржува компјутерот и принтерот и други средства за работа со кој е задолжен;
  • врши и други работи и задачи кои ќе му ги довери Претседателот и членовите на Советот и Генералниот секретар;

Посебни услови потребни:

  • Работно искуство во струката: најмалку 3 година работно искуство во струката;
  • Степен на образование: VI -степен вишо или IV степен средно образование;
  • Вид на образование: средно образование
  • Странски јазици: ///
  • Вештини: работа со компјутер;
  • Лични способности: комуникативност; лојалност; чесност; доверливост; способност за тимска работа;

9)Назив на работното место: Архивар

Звање: Самостоен референт

Број на извршители: 1

Одговорен пред: Раководител на одделение

Цел на работното место:

  • Спроведување на сложени административни работи и задачи кои се однесуваат на архивирање на предметите и обработка на архивскиот материјал.

Главни задачи и обврски:

  • врши архивска обработка и ги средува по утврдена хронологија архивираните предмети, вади и предава архивирани предмети и за тоа води евиденција,
  • одговара за архивата, се грижи за уредно, безбедно и прегледно сместување и чување на целата архива;
  • води посебна книга за прием и испраќање на писмени акти;
  • врши прием на пријави, предмети и други поднесоци упатени до Советот, непосредно илим преку пошта, ги експедира според ознаката на обработувачот на списите;
  • води книга за внатрешна достава;
  • приемот и експедирањето ги внесува на компјутер;
  • врши и други работи кои ќе му ги довери раководителот на одделение.

Посебни услови потребни:

  • Работно искуство во струката: најмалку 3 години работно искуство во струката;
  • Степен на образование: VI или IV степен;
  • Вид на образование: средно образование
  • Странски јазици: ///
  • Вештини: работа со компјутер; возачка дозвла „Б“ категорија
  • Лични способности: комуникативност; лојалност; чесност; доверливост; способност за тимска работа;

 

Вработени кои вршат административни технички и помошни работи

10)Назив на работно место:  Хигиеничар

 Звање: Без статус на државен службеник

Број на извршители: 1

Одговорен пред: Раководител на одделение

Главни задачи и обврски

-ги чисти одредените простории по распоред и се грижи за хигиената

-го чисти и одржува мебелот и инвентарот, теписите и другите средства кои стојат на располагање за олеснување на работата и при евентуален дефект ги известува вработените

-ја одржува хигиената пред зградата

-по потреба врши определени курирски работи.

 

Посебни услови потребни:

– Bез работно искуство:

– Степен на образование: IV степен

– Вид на образование:      средно образование

– Странски јазици:   ///

– Лични способности:  комуникативност, чесност, доверливост

 

 

 

11)Назив на работното место: Возач – доставувач

Звање: Без статус на државен службеник

Број на извршители: 1

Одговорен пред: Раководител на одделение

Главни задачи и обврски:

  • управува со службеното патничко возило по налог на Претседателот на Советот
  • се грижи за елементарно одржување на патничкото возило во исправна состојба како и за хигиената на истото
  • врши ситни поправки на возилото, менува масло, врши дотур на гориво.
  • носи и превзема пошта и предава пошта од други правосудни органи, списи, вредносни пратки и друго
  • подготвува месечен извештај за поминат пат со патничкото возило, потрошеното гориво и масло и материјалите што ги потрошил за ситни поправки на возилото.
  • ги врши курирски работи
  • врши и други работи и задачи по налог на генералниот секретар и Претседателот на Советот.

Посебни услови потребни:

  • Работно искуство во струката: најмалку 1 години работно искуство во струката;
  • Степен на образование: IV степен;
  • Вид на образование: средно образование
  • Странски јазици: ///
  • Вештини: возачка дозвола „Б“ категорија;
  • Лични способности: комуникативност; лојалност; чесност; доверливост;

2.Одделение за управување со човечки ресурси

12)Назив на работното место: Раководител на одделение за управување со човечки ресурси

Звање: Раководител на одделение

Одговорен пред: Генералниот секретар

Цел на работното место:

  • Развивање и обединување на политиките од делокруг на работата на одделението, нивна координација и спроведување, во функција на остварување на надлежностите од областа на: вработувањето и мобилност во државната служба, оценувањето, стручното оспособување и усовршување, мотивацијата и меѓучовечките односи и службеничкиот однос.

Работни должности:

  • раководи со одделението вклучувајќи организација, насочување, координација и учество во работата, како и непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите и задачите од делокругот на одделението;
  • врши функционална анализа на надлежноста на Советот и ја организира и насочува работата при изработка на правилниците за внатрешна организација и систематизација на работните места во врска со обезбедување на целосна методолошка, организациска и техничка поддршка на сите активности и ги координира и насочува сите активности во врска со вработувањето и мобилноста во државна служба за потребите на органот, во врска со оценувањето, стручното оспособување и усовршување на државните службеници, во врска со мотивацијата и подобрувањето на квалитетот на меѓучовечките односи и во врска со правата, должностите и одговорностите на државните службеници (службенички однос) и информативниот систем за човечки ресурси;
  • редовно одржува консултации и работни состаноци со оценувачите и дава инструкции во функција на законито и транспарентно спроведување на постапката на оценување на државните службеници;
  • учествува на состаноци на мрежата на одделенија за управување со човечки ресурси и остварува редовна комуникација и соработка со другите одделенија за човечки ресурси од органите на државната служба со цел откривање на човечки потенцијали и дава предлози за преземање на државен службеници од/во Советот;
  • учествува во спроведувањето на организацискиот развој на Советот, ги адресира прашањата на планирање, професионален развој, задржување на вработените и управување со промените и го следи развојот на организациската култура во функција на остварување на целите на Советот;
  • предлага и развива политики и стратешки документи за управување со човечките ресурси во Советот;
  • обезбедува стручно – оперативна поддршка на Комисијата за водење на дисциплинска постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и Комисијата за утврдување на материјална одговорност на државните службеници;
  • континуирано ја следи состојбата со човечките ресурси, организира состаноци со раководните службеници за планирање на потребите за човечки ресурси, се грижи за правилна примена на законите и подзаконските акти од областа на управувањето со човечките ресурси и ги советува другите раководни државни службеници во органот на државната служба, за прашања од областа на управувањето со човечките ресурси.

Посебни услови потребни:

  • Работно искуство во струката: најмалку 4 години работно искуство во струката, од кои 1 во државната служба;
  • Степен на образование: VII/1 степен или стекнати 300 кредити според ЕКТС;
  • Вид на образование: општествени науки
  • Странски јазици: активно познавање на англиски јазик;
  • Вештини: познавање на работа со компјутер;
  • Лични способности: раководни способности; комуникативност; лојалност; чесност; доверливост; способност за тимска работа; способност за решавање на конфликти;

 

 

 

 

13) Назив на работно место: персонална евиденција

Звање: самостоен референт

Број на извршители:1

Одговорен пред: раководителот на одделение

Цел на работното место:

Поддршка на спроведувањето на функциите од делокругот на одделението преку вршење на сложени административни задачи, во согласност со општите упатства на раководителот на одделението, а со цел грижа за постојан развој на персоналната евиденција поврзана се управувањето со човечките ресурси.

Работни должности:

– го води кадровското и персоналното работење, води евиденција на сите видови акти за вработените кои се чуваат во работните досиеја и се грижи за безбедно чување на работните досиеја за вработените во органот;;

– извршува пријавување и одјавување на вработените во Агенцијата за вработување (М1/М2 обрасци), врши ажурирање на списокот (табеларен преглед) на вработените во органот на државната служба и подготвува потврди во врска со службеничкиот однос на вработените ;

– ги прибира и статистички ги обработува податоците кои се содржани во ДС-1, ДС-3а, ДС-3б и ДС-3в обрасците, ги пополнува ДС-2, ДС-4 и ДС-5 обрасците и сите ДС обрасци ги доставува до Агенцијата за државни службеници во електронска или во писмена форма;

– редовно ги ажурира документите кои се однесуваат на сите ДС обрасци, води евиденција за изречените мерки на државните службеници за дисциплинска и материјална одговорност и ги евидентира и чува обрасците за оценување на државните службеници во нивните работни досиеја;

– пополнува и доставува до Агенцијата за државни службеници извештаи за изречени мерки за дисциплинска и материјална одговорност;

– подготвува и поднесува Рекапитулар до Фондот за здравствено осигурување на Македонија за платени придонеси, подига потврди за платени придонеси за вработените – сини картони, врши распоред и доставување на сините картони на вработените, врши пријавување и одјавување на вработените и членовите на нивните семејства во Фондот за здравствено осигурување на Македонија и пополнување на здравствени легитимации на вработените;

– подготвува и обработува податоци во врска со човечките ресурси и обработува документација која служи како основа за изработка на анализи и информации, а се однесуваат на подготвителни работи во врска со управувањето со човечките ресурси;

– соработува со другите државни службеници и помага во остварувањето на останатите надлежности од делокругот на одделението.

 

Посебни услови потребни за вршење на работата:

– Работно искуство во струката: најмалку три години;

– Степен на образование: VI степен вишо или IV степен средно образование;

-Вид на образование: средно образование

– Странски јазици: познавање на англиски јазик;

– Вештини: познавање на работа со компјутер;

– Лични способности: комуникативност, лојалност, чесност, доверливост.

 

 I) ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 14

Секретарот на Советот на јавните обвинители, именуван пред денот на започнување на примената на овој Правилник, во согласност со Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 150/07), продолжува да ја врши функцијата генерален секретар на Советот во согласност со Законот за државните службеници („Службен весник на Република Македонија“ број 59/00, 112/00, 34/01, 103/01, 43/02, 98/02, 17/03, 85/03, 17/04, 69/04, 81/05, 61/06, 36/07, 161/08 , 6/09, 114/09 и 35/10) и овој Правилник.

Член15

Распоредувањето на државните службеници и другите вработени во Стручната служба, на работните места утврдени со овој Правилник, ќе се изврши во рок од 30 дена од денот на издавање на согласност од Агенцијата за државни службеници.

 

 

Член 16

Со денот на влегување во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за систематизација на работни места во Стручната служба на Советот на јавни обвинители на Република Македонија, А бр. 16/08 од  29.08.2008 и А бр. 13-1/10 од  14.01.2010 година.

 

Член 17

Овој Правилник влегува во сила со денот на неговото донесување, а ќе се објави во Службен весник на Република Македонија по добиената согласност од Агенцијата за државни службеници.

 

А бр.210-3/10

28.09.2010 година

 

 

СОВЕТ НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Костадин Кизов

 

– Табеларен приказ на работните места

 

Ред. број Назив и звање на работното место Број на извршители Вид и степен на стручна подготовка Работно искуство во струката
1. Генерален секретар 1 Правни науки со положен праводуден испит 3 години во раководно звање во државната служба или 3 години во раководно место во јавна администрација
2. Раководител на одеделение 1 Правни науки со положен правосуден испит 4 години работно искуство во струката
3. Советник за финансиски прашања 1 Економски науки 3 години работно искуство во струката
4. Советник за односи со јавноста 1 Општествени науки 3 години работно искуство во струката
5. Виш соработник за правни работи 1 Правни науки со положен правосуден испит 2 години работно искуство во струката
6. Самостоен референт-технички секретар на Претседателот на Советот 1 Вишо или средно образование 3 години работно искуство во струката
7. Самостоен референт- Уписничар 1 Средно образование 3 години работно искуство во струката
8. Самостоен референт-технички секретар 1 Средно образование 3 години работно искуство во струката
9. Самостоен референт-Архивар 1 Средно образование 3 години работно
10. Хигиеничар 1 Средно образование Без работно искуство
11. Возач-доставувач 1 Средно образование 1 година работно искуство во струката
12. Раководител на одделение за управување со човечки ртесурси 1 Општествени науки 4 години работно искуство во струката, од кои 1 година во државна служба
13 Самостоен референт за персонална евиденција 1 Средно образование 3 години работно искуство во струката