Владеењето на правото и функционирањето на правосудниот систем е основен предуслов за
една демократска држава и мултикултурно општество на граѓани со еднакви права и слободи.
Јавноста треба да има доверба во телата кои работат во јавен интерес, во рамките на нивните
надлежности, почитувајќи го законот и високите етички и други професионални стандарди.
За таа цел, државата усвои сеопфатна Стратегија за реформа на правосудниот сектор за
периодот 2017-2022 година, која предвидува зајакнување на одговорноста, независноста и
непристрасноста, како и транспарентноста на сите правосудни институции. Една од тие
институции е Советот на јавни обвинители (СЈОРМ) како самостоен орган кој ја обезбедува и
гарантира самостојноста на јавните обвинители во извршување на својата функција.
Во оваа насока е ажурирана веб страната на Советот и изготвена Комуникациска стратегија за
односи со јавност на Советот на јавни обвинители која претставува документ кој ги дефинира
целите, видовите, начините на комуникација и активностите помеѓу Советот на јавни
обвинители и јавноста.
На овој начин се овозможува разбирање кај јавноста дека Советот игра суштествена улога во
заштита на правата и слободите на граѓаните како самостоен орган кој ја обезбедува и
гарантира самостојноста на јавните обвинители во извршување на нивната функција, а тоа е
обезбедување ефективно и ефикасно гонење на сторителите на кривични дела.
Со зголемување на транспарентноста, отчетноста и информираноста на јавноста за работата
на Советот се цели да се унапреди меѓусебното разбирање и да се зајакне довербата на
јавноста во оваа институција како гарант на независноста и професионалноста на јавното
обвинителство. div>
Комуникациска стратегија СЈОРМ
Комуникациска стратегија СЈОРМ