Советот е надлежен да:
- дава мислење на Владата на Република Северна Македонија по предлогот за именување и разрешување на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија,
- ги избира и разрешува јавните обвинители,
- утврдува престанок на функцијата јавен обвинител и одлучува во втор степен во постапка за утврдување на дисциплинската одговорност на јавните обвинители,
- одлучува за утврдување на нестручно и несовесно вршење на функцијата јавен
обвинител,
- ја следи работата на јавните обвинители врз основа на оцената за нивната работа согласно со Законот за јавното обвинителство,
- одлучува за привремено оддалечување од функцијата јавен обвинител,
- постапува по претставки и поплаки на граѓани и правни лица за работата на јавните обвинители,
- го определува бројот на јавните обвинители во јавните обвинителства со одлука,
- до крајот на февруари во тековната година, со одлука го утврдува бројот на слободните јавнообвинителски места во основните јавни обвинителства за наредните две години и одлуката да ја доставува до Академијата за обука на судии и обвинители,
- ги разгледува и оценува годишните извештаи на јавните обвинителства, - донесува Деловник за работа,
- донесува решение за мирување на функцијата јавен обвинител,
- издава и да одзема службени легитимации на јавните обвинители, - води персонален лист за јавните обвинители,
- поднесува извештај за својата работа,
- дава мислења по закони од областа на делокругот на работата на Советот,
- дава мислења по програмите на Академијата за обука на судии и јавни обвинители,
- објави оглас и спроведува постапка за избор на јавен обвинител за времено упатување во друго јавно обвинителство и
врши и други работи утврдени со закон
ul>