На денешната седница, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, донесе одлука за избор на Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Струга, избор на 5 (пет) јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција и избор на 5 (пет) јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје и тоа:
- За Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Струга избран е јавниот обвинител Стојанчо Арнаудов.
- Во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, избрани се јавните обвинители: Лиле Стефанова, Наташа Поп Трајкова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Катерина Коларевиќ.
- Во Вишото јавно обвинителство Скопје, избрани се јавните обвинители: Фатиме Фетаи, Наум Пановски, Сашо Рајчев, Бурим Рустеми и Снежана Бундалевска Георгиева.