Советот на јавните обвинители на Република Македонија врз основа на член 36 од Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија (Службен весник РМ br.150/07), објавува:
O Г Л А С
за избор на
I
- Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Прилеп
II
- Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Крива Паланка
III
3. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Берово
Сите кандидати за избор на јавни обвинители освен условите предвидено во чл. 44, 45 и чл.46 од Законот за јавно обвинителство (Сл. весник на РМ број 150/07) и Законот за измени и дополнување на Законот за јавно обвинителство (Сл. Весник бр. 111/08), потребно е како посебен услов да исполнуваат:
I. Кандидатите за избор на Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство потребно е како посебен услов да имаат работно искуство од најмалку три години стаж како јавен обвинител со потврдени резултати во работата.
Заинтересираните кандидати пријавите заедно со потребната документација, во оригинал или заверена фотокопија на нотар, уверение за државјанство и лекарско уверение (двете да не се постари од шест месеци од денот на нивното издавање), доказ за работен стаж, диплома или уверение за завршен Правен факултет и потврда за положен правосуден испит во оригинал или заверено на нотар, да ги достават до Советот на јавните обвинители на Република Македонија на ул. “КејДимитар Влахов”бр.4, V спрат, во рок од 15 дена од објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.
Приемот на документи е секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот
Некомплетните документи нема да се разгледуваат.
Бр. 08-229/1
Скопје, 20.12.2018 година
СОВЕТ НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА