Одлука за избор на јавни обвинители Советот на јавните обвинители на Република Македонија на одржаната осумдесет и третата седница на ден 22.03.2011 изврши избор на јавни обвинители и тоа:
– за Јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Прилеп избран е Томе Неделкоски
– За Јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Струмица избран е Златко Иванов
– За Јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Делчево избран е Бранко Тричковски
– За Јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Берово избрзн е Кирил Димитровски
– За Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Куманово избран е Иса Сулејмани
– За Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Велес избрана е Цветанка Новакова
– За Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Струмица избрана е Виолета Милчовска
– За Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Охрид избран е Стојанчо Арнаудоски
– За Јавен обвинител во Основното јавно обвинителствоСтруга избран е Никола Јолески