Нa Влатко Георгиевски јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, му мирува функцијата јaвен обвинител поради избор на функција член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.
Образложение
Влатко Георгиевски роден на 02.04.1960, за јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија со траен мандат именуван на 20.06.2016 година со Одлука СОИ бр.5/16, на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, а за член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, избран на ден 02.03.2022 година, Уверение СОИ бр.2/22 од 02.03.2022 година.
Имајќи предвид дека јавниот обвинител е избран за член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, согласно чл.7 ст.4 чл.9 алинеа 15 и чл.10 ст.1 од Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија и чл.151 од Законот за работни односи, додека ја извршува функцијата член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, функцијата јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија од 02.03.2022 година му се става во мирување.