Search
Close this search box.

Соопштение

На денешната педесет и втора седница на Советот на јавните обвинители на РСМ, се донесоа следниве одлуки:

 

1. Одлука за преиначување на решенијата за продолжување на работниот однос на јавните обвинители Гордана Смаќоска, Зора Сотирова, Имран Османи, Елица Илиевска, Жулиета Карова Бошевска и Мери Тромбева, така што работниот однос им е продолжен до 30.06.2022 година.

2. Одлука за распишување на оглас за избор на јавни обвинители на Вишите јавни обвинителства Битола и Штип.

 –  Оглас за избор на јавни обвинители на Основните јавни обвинителства: Радовиш, Охрид, Гостивар, Дебар, Куманово, Кичево, Кочани, Прилеп, Берово, Крива Паланка, Свети Николе, Делчево и Ресен.

 –  Распишување на оглас за избор на 4 (четири) јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Skip to content