На педесет и деветтата седница, Советот на јавните обвинители на РСМ, ги донесе следните одлуки:
-
Донесени се одлуки за престанок на работниот однос на јавните обвинители: Мери Тромбева јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола, Елизабета Ристеска јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Сулејман Алијевски јавен обвинител во ОЈО Битола, Снежана Зафирова јавен обвинител во ОЈО Кочани, Елица Илиевска јавен обвинител во ОЈО Скопје, Гордана Смаќоска јавен обвинител во ОЈО ГОКК, Жулиета Карова Бошевска јавен обвинител во ОЈО Битола, Милка Спиркоска јавен обвинител на ОЈО Прилеп, Имран Османи јавен обвинител во ОЈО Скопје и Јован Илиевски јавен обвинител во Јавното обвинителство на РСМ,
-
Донесена е одлука за назначување на јавниот обвинител Пецо Везироски за ВД јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола,
-
Донесена е одлука за назначување на јавниот обвинител Марјана Илиеска за ВД јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Прилеп.