На одржаната седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија на ден 04.09.2019 година, Советот донесе заклучок дека барањето за декласификација на извештајот за утврдена фактичка состојба број 03-133/6 од 29.08.2019 година поднесено до Собранието на Република Северна Македонија не може да се прифати со оглед дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сеуште води истражна постапка за актуелниот предмет оформен против Специјалната јавна обвинителка и од тие причини потребно е да се заштитат правата на лицата кои се наведени во извештајот или да се спречи недозволено влијание во ова постапка.