Советот на јавните обвинители на Република С.Македонија го разгледа известувањето на Апелациониот суд Скопје, кој го извести Советот за содржината на остварената СМС комуникација помеѓу Јавниот обвинител Вилма Рускоска со еден од членовите на Кривичниот совет на Апелациониот Суд Скопје.
Во врска со известувањето, Советот побара од Јавниот обвинител Вилма Рускоска да се произнесе за наводите во известувањето.
Во конкретниот случај Советот утврди дека согласно Законот за совет на јавните обвинители и Законот за јавно обвинителство нема надлежност да преземе оперативни мерки за утврдување на одговорност, со оглед да за тоа согласно законот е надлежен Јавниот обвинител на Република С.Македонија.