Search
Close this search box.

Соопштение

На ден 16.06.2020 година Советот на јавните обвинители ќе врши избори на членови на Советот по огласот објавен во Сл. Весник Бр. 128/20 од 18.05.2020 година.

За член на Советот на јавните обвинители на РСМ од подрачјето на Вишо јавно обвинителство Битола, изборно место бр. 1  се имат пријавено кандидатите Марјана Илиевска-јавен обвинител во ОЈО Прилеп и Антонио Јолевски- јавен обвинител во ОЈО Битола.

За член на Советот на јавните обвинители на РСМ од подрачјето на Вишо јавно обвинителство Гостивар, изборно место бр. 2  се има пријавено кандидатот Фаик Арслани-јавен обвинител во ВЈО Гостивар.

За член на Советот на јавните обвинители на РСМ од подрачјето на Вишо јавно обвинителство Скопје, изборно место бр. 3  се имат пријавено кандидатите Фиданка Рајевска-јавен обвинител во ВЈО Скопје и Наталија Тасевска – јавен обвинител во ВЈО Скопје.

За член на Советот на јавните обвинители на РСМ од единствена посебна листа на кандидати на јавните обвинители припадници на сите заедници кои не се мнозинство во Република Северна Македонија за целата територија на РСМ, со изборни места како за општа листа се имат пријавено кандидатите Коле Штерјев – јавен обвинител во ВЈО Скопје и Расим Дреца- јавен обвинител во ОЈО Скопје.

Skip to content