Search
Close this search box.

Оглас за избор на основен јавен обвинител

Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија врз основа на член 36 од Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија (Службен весник на РСМ бр.150/07),  објавува

О  Г  Л  А  С

За избор на

                                                                                               I

  1. Основен јавен обвинител на Основното  јавно обвинителство Делчево

       Сите кандидати за избор на јавни обвинители освен условите предвидени во член.  44, 45 и член 46  од Законот за јавно обвинителство (Сл. Весник на РСМ број 150/07) и Законот за измени и дополнување на Законот за јавно обвинителство (Сл. Весник бр. 111/08), потребно е како посебен услов да исполнуваат:

  1.   Кандидатите за избор на Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство  потребно е како посебен услов да имаат работно искуство од најмалку три години стаж како јавен обвинител со потврдени резултати во работата.

           Заинтересираните кандидати пријавите заедно со потребната документација, во оригинал или заверена фотокопија на нотар, уверение за државјанство и лекарско уверение (двете да не се постари од шест месеци од денот на нивното издавање), доказ за работен стаж, диплома или уверение за завршен Правен факултет и потврда за положен правосуден испит во оригинал или заверено на нотар,  да  ги достават до Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија на ул. Кеј Димитар Влахов”бр.4, V спрат, во рок од 15 дена од објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

             Приемот на документи е секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот

                          Некомплетните документи нема да се разгледуваат.

 

Бр. 08-102/1

Скопје, 13.06.2019 година

 

 

                         СОВЕТ НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ НА

                         РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

                          Претседател

                         Коле Штерјев

                                                                                                                   

Skip to content