Search
Close this search box.

Оглас за избор на јавни обвинители од 48-ма седница

Советот на јавните обвинители на Република Македонија врз основа на член 36 од Законот за Советот на Јавните обвинители на Република Македонија  (Службен  весник РМ бр.150/07),  објавува

Oглас за избор на

I

  1. Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје

II

  1. Виш јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Гостивар

III

  1. 3. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје

IV

  1. 4. Основен јавен обвинители на  Основното јавно обвинителство Берово

V

  1. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола

VI

  1. Основен јавен обвинител на  Основното јавно обвинителство Велес

VII

  1. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Крива Паланка

VIII

  1. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Кавадарци

Сите кандидати за избор на  јавни обвинители освен  условите предвидени во ~л. 44, 45 и ~л.46  од  Законот за јавно обвинителство (Сл весник на РМ број150/07) и Законот за измени и дополнуваwе на Законот за јавно обвинителство (Сл. Весник бр 111/08), потребно е  како посебен  услов  да исполнуваат:

 

И.  Кандидатите  за избор на  Виш јавен обвинител на Ви[ото јавно  обвинителсво, потребно е  како посебен  услов  да имаат  работно искуство од најмалку  пет години  стаж како јавен обвинител, со потврдени резултати во работата.                II. Кандидатите за избор на Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство  потребно е како посебен услов да имаат работно искуство од најмалку три години стаж како јавен обвинител со потврдени резултати во работата.

III. Кандидатите за избор на  јавен обвинител  на  Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупцијаи јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција потребно е како посебен услов да имаат работно искуство од најмалку четири  години стаж како јавен обвинител со потврдени резултати во работата

 

Заинтересираните кандидати пријавите заедно со потребната документација, во оригинал или заверена фотокопија на нотар, уверение за државјанство и лекарско уверение (двете да не се постари од шест месеци од денот на нивното издавање), доказ за работен стаж, диплома или уверение за завршен Правен факултет и потврда за положен правосуден испит во оригинал или заверено на нотар,  да  ги достават до Советот на јавните обвинители на Република Македонија на ул. Кеј Димитар Влахов”бр.4, V спрат во рок од 15 дена од објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

Приемот на документи е секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот

Некомплетните документи нема да се разгледуваат.

 

 

Бр. 08-183/1

Скопје, 05.09.2018 година

Skip to content