Претседателот на Советот на јавните обвинители на РСМ, Антонио Јолевски денеска оствари официјална средба со министерот за правда д-р Никола Тупанчески.
На средбата беше разговарано за продолжување и продлабочување на соработката помеѓу двете институции, посебно во делот на законските регулативи кои се однесуваат на јавните обвинители.