На седумдесетта седница на Советот на јавните обвинители на РСМ беа донесени одлуки за определување на вршители на должноста, така што:
– За Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје беше определен Мустафа Хајрулахи,
– За Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Гостивар беше определена Вјолца Елмази,
– За основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола беше определена Оливера Нечаковска,
– За основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Велес беше определена Гордана Тодорова,
– За основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Кавадарци беше определена Елизабета Мишева – Јорданова.
На истата седница јавниот обвинител Вилма Рускоска е распоредена да ја продолжи функцијата јавен обвинител во ОЈО Скопје.
На седницата беше прифатено барањето на јавниот обвинител Ислам Абази и за член на Управниот одбор во Академијата за судии и јавни обвинители е предложен Бесир Алиу ОЈО на ОЈО Тетово.
На седницата беше прифатено и барањето на јавниот обвинител Јован Цветановски кој беше предложен за член на Комисијата за завршен испит при Академијата за судии и јавни обвинители, а на негово место е предложен Миле Петков ОЈО на ОЈО Струмица.