Советот е надлежен да:
– дава мислење на Владата на Република Македонија по предлогот за именување и разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија,
– ги избира и разрешува јавните обвинители,
– утврдува престанок на функцијата јавен обвинител и одлучува во втор степен во постапка за утврдување на дисциплинската одговорност на јавните обвинители,
– одлучува за утврдување на нестручно и несовесно вршење на функцијата јавен обвинител,
– ја следи работата на јавните обвинители врз основа на оцената за нивната работа согласно со Законот за јавното обвинителство,
– одлучува за привремено оддалечување од функцијата јавен обвинител,
– постапува по претставки и поплаки на граѓани и правни лица за работата на јавните обвинители,
– одлучува по поднесено барање за дисциплинска одговорност на член на Советот,
– донесува одлука за член на Советот да може да врши непосреден увид во работењето на јавните обвинители,
– донесува Етички кодекс за јавни обвинители по предлог на Здружението на јавните обвинители,
– го определува бројот на јавните обвинители во јавните обвинителства со одлука,
– до крајот на февруари во тековната година, со одлука го утврдува бројот на слободните јавнообвинителски места во основните јавни обвинителства за наредните две години и одлуката да ја доставува до Академијата за обука на судии и обвинители,
– ги разгледува и оценува годишните извештаи на јавните обвинителства,
– донесува Деловник за работа,
– донесува решение за мирување на функцијата јавен обвинител,
– издава и да одзема службени легитимации на јавните обвинители,
– води персонален лист за јавните обвинители,
– поднесува извештај за својата работа,
– дава мислења по закони од областа на делокругот на работата на Советот,
– дава мислења по програмите на Академијата за обука на судии и јавни обвинители,
– објави оглас и спроведува постапка за избор на јавен обвинител за времено упатување во друго јавно обвинителство и
– врши и други работи утврдени со закон.