Search
Close this search box.

Соопштение за одржана седница

На осумнаесеттата седница одржана на ден 18.02.2025 година, со почеток во 10:30 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневен ред дополнет со уште една точка (точка 3) – избор на вршител на должност Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Кичево, се премина кон разгледување на точка 1 и по дискусијата се донесе одлука за избор на јавниот обвинител Лидија Салатоска Илиеска од ОЈО Прилеп за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Прилеп, а под точка 2 се донесе одлука за избор на јавниот обвинител Василка Садикова Ковачева од ОЈО Гевгелија за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Гевгелија.  

Понатаму под точка 3 се донесе одлука со која јавниот обвинител Виолета Стојаноска од Основното јавно обвинителство Кичево се определи за вршител на должност Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Кичево за време неподолго од 6-шест месеци.

Под точка разно, Претседател на Советот ги запозна членовите со молбата –барање поднесено од јавниот обвинител Наташа Крстевска Цалева, со која побара да биде ослободена од обврската да раководи со Вишото јавно обвинителство Скопје. Притоа Советот на јавните обвинители зазема став на наредната седница да се одлучи по ова барање на јавниот обвинител, со оглед дека членовите на Советот се запознаени со барањето на денешната седница.

Skip to content