На дваесет и четвртата седница одржана на ден 17.04.2025 година со почеток во 10.30 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, го усвои објавениот дневен ред дополнет со уште една точка – Донесување на одлука за распоредување на јавен обвинител. Под точка 1 донесе одлука за назначување на вршител на должност Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Струга, така што јавниот обвинител Никола Јолески од ОЈО Струга го назначи за вршител на должност.
Под точка 2 од дневниот ред, донесе одлука за објавување на оглас за избор на Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Кичево, а под точка 3 од дневниот ред, поради истек на мандатот на Основен јавен обвинител на ОЈО Струга, Советот донесе одлука за распоредување на јавниот обвинител Стојанчо Арнаудоски во Основното јавно обвинителство Охрид.
Под точка разно, Претседател на Советот ги запозна членовите со дописот од Министерството за социјална политика, демографија и млади – Сектор за еднакви можности од 11.04.2025 година и потребата во Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство, да се номинира член на Советот од редот на јавните обвинители, така што наместо претходно номинираниот член на Советот Кети Петкова, беше донесена одлука за член во ова тело да се номинира членот на Советот Зорица Павловиќ.