Search
Close this search box.

Соопштение од одржана седница

На дваесет и петтата седница одржана на ден 08.05.2025 година со почеток во 10.30 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, го усвои објавениот дневен ред дополнет со уште две точки – Донесување на одлука за избор на јавни обвинители во ОЈО Тетово и  Донесување на одлука за избор на јавни обвинители во ОЈО Кичево.

Под точка 1 ги усвои записниците од 22-рата, 23-тата и 24-тата седница на Советот.

Под точка 2 од дневниот ред, Советот не донесе одлука за избор на јавен обвинител во ОЈО Гостивар.

Под точка 3 од дневниот ред, Советот донесе одлука за избор на јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, Лидија Ѓурчиновска Мичевска – кандидат од осмата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители.

Под точка 4 од дневниот ред, Советот не донесе одлука за избор на јавен обвинител во ОЈО Кичево.

Под точка 5 од дневниот ред, Советот не донесе одлука за избор на јавен обвинител во ОЈО Тетово. Во однос на останатитете основни јавни обвинителства за кои исто така беше распишан огласот и тоа ОЈО Битола, ОЈО Велес, ОЈО Кочани, ОЈО Куманово, ОЈО Крива Паланка, ОЈО Охрид, ОЈО Прилеп, ОЈО Радовиш, ОЈО Ресен, ОЈО Струга, ОЈО Струмица и ОЈО Штип, Советот на јавните обвинители констатираше дека нема пријавено кандидати.

Под точка разно, Претседателот на Советот ги извести членовите дека им е  доставен примерок од  Меморандумот за соработка склучен помеѓу Судски совет на Република Северна Македонија и Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија од 25.09.2023 година, заради запознавање со неговата содржина и со оглед на нарушените принципи на соработка од страна на Судскиот Совет, предложи на наредна седница да се отвори дискусија по однос на истиот. Исто така  под точка разно, член на Советот – координатор за подрачјето на Вишо јавно обвинителство Скопје ги запозна членовите со недоставување на месечни извештаи од страна на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје, како и околноста дека против истиот се поднесени повеќе претставки за неговата работа. При тоа се зазеде став да писмено Советот го извести Јавниот обвинител на РСМ за наведената ситуација.

Skip to content