Search
Close this search box.

Соопштение од одржана 28-ма седница

На дваесет и осмата седница одржана на ден 30.09.2025 година со почеток во 12:00 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневен ред, под точка 1 ги усвои записниците од 26-та и 27-ма седница на Советот, а под точка 2 донесе одлука за престанок на функцијата Претседател на Советот на јавните обвинители на РСМ на г-ѓа Душица Димитриеска, поради истек на мандат на 01.10.2025 година.

Под точка 3 од дневниот ред, Советот на јавните обвинители донесе одлука да се одложи изборот на нов Претседател на Советот на јавните обвинители додека траат локалните избори, така што до изборот на нов Претседател на Советот,  со Советот на јавните обвинители ќе раководи Заменик претседателот на Советот, г-н Башким Бесими чиј мандат не е истечен.

Под точка разно, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, г-н Љупчо Коцевски се осврна на проблемите со кои се соочува обвинителството, со недостиг на јавнообвинителски кадар, јавнообвинителски службеници, како и финансиски средства за нормално функционирање на јавното обвинителство.   

Skip to content