На ден 05.11.2025 година со почеток во 13:00 часот, на покана од Министерството за правда на РСМ, член на Советот на јавните обвинители учествуваше на on-line состанокот со Европската комисија на која се дискутираше за статусот на чекорите од Реформската агенда во областа на владеење на правото, а на кој присуствуваа и претставници од Министерство за правда, Министерство за финансии, Судскиот совет на РСМ и Академијата за судии и јавни обвинители.