Соопштение од одржана 30-та седница

На 30-тата седница одржана на ден 20.11.2025 година, со почеток во 10:30 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневен ред објавен на веб страната на 17.11.2025 година, под точка 1 го усвои записникот од 29-та седница на Советот.

Потоа под точка 2 од дневниот ред, пристапи кон разгледување на Извештајот за работа на Вишото јавно обвинителство Штип со подрачните основни јавни обвинителства (Берово, Делчево, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Струмица и Штип) за 2024 година, во присуство на Вишиот јавен обвинител Ристо Бајаџиски. Откако извештајот беше презентирани од страна на Вишиот јавен обвинител, се отвори расправа и дискусија по истиот. По разгледувањето и дискусијата, Советот позитивно го оцени извештајот и го усвои.

Под точка 3 од дневниот ред, Советот на јавните обвинители го разгледа Извештајот за работа на Вишото јавно обвинителство Битола со подрачните основни јавни обвинителства (Битола, Прилеп, Охрид, Струга и Ресен) за 2024 година којшто беше презентиран од страна на Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола, Пецо Везироски. По расправа и дискусијата, Советот позитивно го оцени извештајот и го усвои.

Под точка разно, членот на Советот Ермон Незири побара збор и изјави дека во оваа прилика следејќи го процесот од трагичниот настан во Кочани, а притоа познавајќи ја јавнообвинителската работа, би сакал да им даде поддршка и почит на јавните обвинители кои постапуваат по предметот, за нивната досегашна работа и да во понатамошниот тек на постапката како и до сега продолжат да постапуваат законито, објективно, совесно, одговорно и непристрасно. Останатите членови на Советот се согласија да оваа поддршка биде од име на Советот на јавните обвинители како орган кој ја обезбедува и гарантира самостојноста на јавните обвинители во извршувањето на нивната функција.

Skip to content