На 31-вата седница одржана на ден 25.11.2025 година, со почеток во 10:30 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневен ред објавен на веб страната на 21.11.2025 година, со измена само во делот на редоследот на последните две точки, под точка 1 пристапи кон разгледување на Извештајот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје со подрачните основни јавни обвинителства (Скопје, Куманово, Крива Паланка, Велес, Кавадарци и Гевгелија) за 2024 година, во присуство на јавниот обвинител од ВЈО Скопје, Наташа Крстевска Цалева, која раководи со работата на Вишото јавно обвинителство Скопје. Откако извештајот беше презентиран од страна на јавниот обвинител, се отвори расправа и дискусија по истиот. По разгледувањето и дискусијата, Советот позитивно го оцени извештајот и го усвои.
Под точка 2 од дневниот ред, Советот на јавните обвинители го разгледа Извештајот за работа на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за 2024 година, којшто беше презентиран од страна на Основниот јавен обвинител на ОЈО ГОКК, Ислам Абази. По расправата и дискусијата, Советот позитивно го оцени извештајот и го усвои.
Под точка 3 и 4 од дневниот ред, Советот на јавните обвинители донесе одлука за објавување на оглас за избор на Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје и за избор на Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Тетово.
Под точка 5 од дневниот ред, Советот на јавните обвинители донесе одлука за формирање на комисии за постапување по дисциплинските предмети СОЖ бр.4/25 и СОЖ бр.5/25.
Под точка разно, член на Советот ги запозна останатите членови со извршениот надзор на повисокото јавно обвинителство над работата по конкретен предмет на јавен обвинител од основно јавно обвинителство, а по поднесена анонимна претставка против истиот. Со оглед на констатираната нестручност и непрофесионалност во постапувањето, Советот одлучи да писмено се обрати до Јавниот обвинител на РСМ во врска со наведената ситуација, заради преземање понатамошни дејствија околу утврдување дали постојат основи за поведување на дисциплинска постапка.