Соопштение од одржана 35-та седница

На 35-тата седница одржана на ден 22.12.2025 година, со почеток во 11:00 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневен ред, под точка 1 донесе одлука за определување на вршител на функција Јавен обвинител на Република Северна Македонија, така што за вршител на функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија се определува Анита Тополова Исајловска – јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, до именувањето на Јавен обвинител на Република Северна Македонија, за време не подолго од 6-шест месеци.

Skip to content