На 06.05.2026 година во Хотел “Holiday inn“ во Скопје се одржа конференција во организација на проектот “Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, на која присуствуваа сите членови на Советот на јавните обвинители, Јавниот обвинител на РСМ, заменик Министерот за правда, Претседателот на Здружението на јавните обвинители, професор од Правниот факултет Скопје, јавни обвинители, судии, меѓународни и домашни експерти, адвокати, јавнообвинителски соработници, новинари, претставници на граѓански здруженија. Притоа, поздравни обраќања имаа г-н Дитер Шиндлауер- тим лидер на “Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, г-н Башким Бесими –Претседател на Советот на јавните обвинители на РСМ, г-н Ненад Савески – Јавен обвинител на Република Северна Македонија, г-н Ален Деребан –Заменик-министер за правда на РСМ, г-н Елвин Вели –Претседател на Здружението на јавните обвинители на РСМ и г-ѓа Емили Ван Ринен – Центар за меѓународна правна соработка. На панел дискусиите кои беа модерирани од јавниот обвинител г-ѓа Катажина Крисјак – “Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ и г-н Боро Илкоски – национален експерт за јавно обвинителство -“Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, земаа учество: г-ѓа Александра Деаноска Трендафилова- професорка на Правниот факултет Скопје, г-ѓа Кети Петкова-член на Советот на јавните обвинители, г-ѓа Лиле Стефанова – јавен обвинител од Јавното обвинителство на РСМ, г-ѓа Лаура Ваик –претставничка од Естонија во Консултативниот Совет на европски јавни обвинители и ad hoc експертка во Венецијанската комисија, г-ѓа Марјана Илиеска – член на Советот на јавните обвинители, г-ѓа Ивана Петковска –претставничка од граѓанското општество и г-ѓа Елена Ивановска Мукоска –новинарка.
Целта на конференцијата беше дискусија за една од најважните задачи на Советот на јавните обвинители, а тоа е обезбедувањето и гарантирањето на самостојноста на јавните обвинители во вршењето на нивната функција, како и прашањето за транспарентност на Советот на јавните обвинители како клучен фактор во секојдневното функционирање на Советот и предуслов за негова отчетност.


