На четириесет и осмата седница одржана на ден 14.07.2026 година со почеток во 10:30 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневен ред, под точка 1 го усвои записникот од 47-мата седница на Советот на јавните обвинители.
Под точка 2 од дневниот ред, Советот го донесе новиот Деловник за работа на Советот на јавните обвинители, чијшто предлог беше претходно изготвен од страна на Советот на јавните обвинители во соработка со експерти од проектот –Поддршка на ЕУ, Владеење на правото.
Под точка 3, 4, 6, 7, 8 и 11 од дневниот ред, Советот донесе одлуки за избор на јавниот обвинител Стојанчо Арнаудоски за Основен јавен обвинител на ОЈО Охрид, за избор на јавниот обвинител Неат Црој за Основен јавен обвинител на ОЈО Дебар, за избор на јавниот обвинител Биљана Стевчева за Основен јавен обвинител на ОЈО Радовиш, за избор на јавниот обвинител Борче Јанев за Основен јавен обвинител на ОЈО Кочани, за избор на јавниот обвинител Ерол Шериф за јавен обвинител во ОЈО Ресен и за избор на јавниот обвинител Зоран Маркоски за јавен обвинител во ОЈО Скопје.
Под точка 5, 9 и 10 од дневниот ред, Советот не донесе одлуки за избор на Основен јавен обвинител на ОЈО Кичево, јавен обвинител во ОЈО Крива Паланка и јавен обвинител во ОЈО Кочани, од причина што не се пријави кандидат/и со уредна документација.
Под точка разно, Претседателот на Советот предложи да се донесе одлука за распишување на нов оглас за избор на Основен јавен обвинител на ОЈО Кичево, од причина што на денешната седница не се изврши избор поради немање на кандидати, а со тоа се согласија и останатите членови на Советот.