Соопштение од 50-та седница

На педесеттата седница одржана на ден 11.09.2026 година со почеток во 10:30 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, го усвои објавениот дневен ред дополнет со уште една точка – Разгледување на пресудата на Управниот суд на РСМ со која е поништено решението и одлуката на Советот на јавните обвинители за престанок на вршењето на функцијата на јавниот обвинител Ахмед Ахмеди поради исполнување на услови за старосна пензија.

Под точка 1 од дневниот ред, по повод огласот за избор на Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Скопје, се донесе одлука за формирање на две комисии и тоа: Комисија за  подготвување на кандидатски листи и Комисија за спроведување на избори, двете во состав од претседател и двајца членови од редот на членовите на Советот на јавните обвинители.

Под точка 2 од дневниот ред, се донесе одлука за продолжување на работниот однос- вршењето на функцијата на јавните обвинители Елизабета Павловска, Фаик Арслани, Миле Петков, Ферат Елези, Антонио Јолевски, Софка Ќека Наумова, Џелал Хусмани и Оливера Проеска, согласно измените на Законот за работни односи и навремено поднесените изјави за продолжување на вршењето на функцијата.

Под точка 3 од дневниот ред, Советот при повторно постапување согласно дадените напатствија со пресудата на Управниот суд на РСМ, донесе решение и одлука за престанок на вршењето на функцијата на јавниот обвинител Ахмед Ахмеди поради исполнување на услови за старосна пензија на 08.09.2026 година.

Под точка разно, Претседател на Советот ги запозна членовите со дописот од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во врска со донесено решение за скратено работно време на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, при што се констатира дека по оваа одлука треба да постапи ОЈО Струмица.

Skip to content